Контакт

Општество

Бесими во посета на Министерството за образование и наука

Објавено пред

Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во средата оствари работна посета на Министерството за образование и наука каде се сретна со министерот Абдилаќим Адеми.

dobivaj vesti na viber

 

На средбата се разговараше за степенот на подготовка на законски и подзаконски акти, со цел  усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија во делот на науката, истражувањето , образованието и културата.

 

Дискутирана беше и реализацијата на активностите за донесување  на Националната програма за виско образование и научно – истражувачка  дејност 2014-2018, како и за усвојување на Стратегијата за претприемачко образование 2014-2020, со акцискиот план. Еднаковиот пристап до квалитетно образование со препораки за идна помош и развој беше исто така тема на разговор.

 

Разговори се водеа и за искористеноста на средства кои стојат на располагање преку Инструментот за предпристапна помош – ИПА, а кои се клучни за реализација на реформите во образованието. Вкупниот број на проектни предлози од ИПА Компонента IV – развој на човечки ресурси, се 14 проекти за периодот 2007-2013  во износ од околу 55 милиони евра од кои што за приоритетната оска за образование околу 20 милиони евра.  Додека во рамките на Компонента 1 – ТАИБ, Министерството за образование и наука има склучено договори во износ од околу два милиона евра.

 

Разгледани беа и начини за зголемување на видливоста на програмите на Унијата достапни за Македонија како: Хоризонт 2020, Еразмус плус и Европа за граѓаните, каде корисници во зависност од програмите може да бидат универзитети, научници, приватниот сектор, граѓанскиот сектор и друѓи.

 

Бесими истакна дека искористувањето на европските фондови за проектите од  Министерството за образование и наука е значајно за подобрување на животот на граѓаните во Македонија и за приближување на земјата кон Европската унија.

 

Серијата работни посети „ЕУ – ИПА Институционална Координација” на вицепремиерот Бесими ќе продолжи и со останатите институции корисници на ИПА фондови и имплементатори на НПАА, со цел непосредно информирање за сите аспекти од користењето на ИПА, имајќи ги предвид прашањата на програмирање, техничко спроведување, мониторинг, известување, исполнување на предуслови за успешно спроведување на проектите/програмите, како и аспекти на системот на управување, институционален и административен капацитет, почитување на процедурите за користење на овие средства, функционирање на координативни механизми, како и разгледување на статусот на реализација на активностите предвидени во НПАА./крај/мф/бс  

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет4 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија6 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија7 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија9 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија10 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет10 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ11 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа14 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет14 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет15 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет15 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет15 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...