Македонија
АРМ домаќин на ЛОГЕКС 09
Деновиве македонската армија е домаќин на логистичка вежба Логекс 09 на која учествуваат армиите на земјите од Јадранската група.
Деновиве македонската армија е домаќин на логистичка вежба Логекс 09 на која учествуваат армиите на земјите од Јадранската група. Целта на вежбата е да се зголемат интероперативноста, да се запознае персоналот, да се подобрат соработка и координацијата на армиите, а сето тоа во насока да се обучи персоналот за давање логистика во високо ризични мисии.
Оваа вежба се одржува по највисоки НАТО стандарди и под будното око на американската армија. Домаќинот на вежбата Генерал Мирослав Стојановски не го криеше задоволството пред присутните гости и рече дека Македонија на овој начин уште еднаш ја докажува способноста да се носи рамо до рамо со останатите армии што се членки на НАТО.Тој изрази благододарност до армијата на САД за подршката што им ја даваат за да се подобрат способностите на македонската армија.
Вежбата ја поздравија и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер и адмиралот Енди Браун од европската команда на американската армија стационирана во Штутгард кои напоменаа дека Македонија уште еднаш се докажува како добар сојузник на САД. Во квалитетот на вежбата можеа да се уверат и шеестина офицери и подофицери од армиите на Македонија, Хрватска, Албанија и САД, а во својство на набљудувачи се појавија и преставници од армиите на Украина, Данска, Црна Гора и Грузија./крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

