Економија
УЈП: СДСМ бара даночна политика за стимулирање на нелојалната конкуренција
Управата за јавни приходи, во својата реакција на неколкуте критики што доаѓаат од страна на опозицијата, прашува дали и’ се сугерира заштитничка улога кон нелојалната конкуренција и дали за тоа треба да страдаат вработените на кои не им се подмируваат продинесите и не им се исплаќаат платите
Во изминатиот период, како и денес, сведоци сме на паушални изјави на „експерти“, неаргументирани полемики и политички препукувања, во кои Управата за јавни приходи и преземените активности во делот на блокадите за наплата на „бруто платите“ се предмет на напад, се вели во реакцијата на УЈП на прес-конференцијата на СДСМ од средата.Од Управата за јавни приходи велат дека досега од опозициониот СДСМ не добиле никаков, како што велат, продуктивен предлог кој со задоволстов би го прифателе. За жал, воопшто не слушнавме мислење кое се однесува до блокадите, дали тие што напаѓаат а посебно стопанството се за еднаков и фер третман на сите даночните обврзници, додават од УЈП, од каде велат дека на овој начин изјавите на фунцкионерите на Сојузот на синдикатите се сфаќаат како барање да се воведе политика на стимулирање на нелојална конкуренција.„Здрава економска политика подразбира финансиска дисциплина и нетолерирање на неплаќачите, во услови кога за даночните обврзници кои се погодени од кризата се воведени антикризни мерки.За сите активности во овој дел, целосно и транспаретно е информирана јавноста за сите факти, поединечно се известени даночни обврзници уште пред да се отпочнат блокадите. Оттука неразбирливо е кревањето фама и паничната реакција.“, реагира даночната управа.Притоа се потенцира дека со ваквата мерка не се посегнува кон полнење на Вуџетот, туку кон исплата на „бруто платите” на вработените, за што споед нив зборуваат бројките дека од извршените блокади 5.684 кои се однесуваат на платите на 15.972 лица, извршена е наплата кај 1.462 работодавачи, односно на трансакционите сметки на вработените се префрлени заостанати плати во вкупен износ од 39 милиони денари и социјални придонеси од 19 милиони денари кои се основен услов за остварување на елементарните права на вработениот за здравствена заштита, пензиско осигурување …Наплатените директни буџетски средства изнесуваат 1,5 милиони денари, кои сигурно не се средства што ќе ја подобрат „крваната слика“ на стопанството, ниту ќе го наполанат Буџетот на државата. Оттука, ако се направи споредба, многу поголем е делот кој со блакaдите како плата ќе се исплати на работникот. Така што не може да се говори за лицемерие, бидејќи податоците го говорат спротивното, велат од УЈП.Тие поставија прашање до критичарите дали дали „цехот“ на успешното или неуспешното работење на фирмите треба да го плати вработениот. „Впрочем, бруто плата не е ништо друго туку “профитот” кој работникот го остварува како резултат на неговото работење во некоја фирма, ако се користи жаргонот на стопанствениците. Во услови на пазарна економија секој сака да остварува “профит”, вклучувајќи ги и работниците. Во насока на кажаното, дури и во услови на криза, неоправдано е целиот товар да го понесат работниците и да се бара од УЈП да не постапува и немо да набљудува?. На јавноста познати се и приказните кога вработените ги бараат своите права и настаните се одвиваат во обратна насока. Дали тогаш истите “експерти“, групации и сл. што ги бранат интересите на стопанството и вршат притисок, ќе бараат одговорност од УЈП, но во овој случај зошто не постапила. Имплементацијата на концептот “бруто плата“ во Македонија значи конечно воспоставување на стабилен систем на исплата на платите, преку кој основната цел е да се искорени самоволието во делот на исплата на платите и појава на генерации работници кој не можат да остварат право на пензија.“Што се однесува до наводните инспекциски хајки на УЈП, ова се само уште едни паушални изјави бидејќи бројот контроли кои УЈП – Генералниот даночен инспекторат, а не директорот на УЈП, ги има спроведено до октомври 2009 изнесува 8.500, што е 42% помалку во споредба со измината година кога овој број изнесуваше 14.625. Ова е резулат на воспоставените критериуми на ризик кои ги воведе УЈП, со кои се зголемува објективноста на даночната постапка, а не како што се вели по наредба и критеруми на раководството, одговораат од УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ТАВ Аеродроми: 2025 година се заокружи со 3,5 милиони патници што е 9 отсто зголемување
Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови.
Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година.
Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година.
„Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна стратешка насока, фокусирани инвестиции и силни партнерства. Зголемувањето од 9% на бројот на патници и 4% пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредување на оперативната ефикасност и проширување на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати. Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период,“ вели Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Само во декември 2025, статистиката на ТАВ Македонија покажува двоцифрено зголемување на процентите на опслужени патници на двата аеродроми од дури 25% во споредба со декември 2024, една година претходно, или преточено во бројки, 294.781 патници.
Во последниот месец од минатата година пак, реализирани се 2,019 летови што е за 7% повеќе од декември во 2024 година.
Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужуваше 8.786 патници што е за 9% повеќе од 2024 година, а преку
охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16,3% повеќе споредено со минатата година.
Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 3.211.419 што е за 8,7% повеќе споредено со истиот период во 2024 година, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20% со услужени 263.869 патници.
Истанбул, во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,6% пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,2%), Франкфурт (5,7%), Цирих (4,5%) и Минхен – Меминген (4,2%).
Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6%), Швајцарија (10,8%), Италија (5,5%) и Шведска (4,3%).
Од Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.
Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава, мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома ќе се зголеми, со отворањето на нови авиолинии и нови дестинации. Виз ер ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, додека од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

