Свет
Се подготвува марш на Триполи

Противниците на режимот на Моамер Гадафи се подготвуваат за „едномилионски марш“ во Триполи, јави телевизијата Al Arabia
Демонстрантите од источните градови се насочуваат кон либиската престолнина. Активистите посочуваат дека главна цел им е да го ослободат Триполи.Демонстрантите против режимот на Гадафи веќе контролираат неколку града во источниот дел на Либија, меѓу кои и Бенгази.Поранешниот министер за правосудство на Либија Мустафа Абдел Галил предупреди дека приврзаниците на Гадафи можат да користат биолошко и хемиско оружје против демонстрантите.Галил за телевизијата Аl Jazeera рече дека Гадафи има такво оружје и дека нема да се поколеба да го употреби. Спроед различни извори, бројката загинати во бунтот во Либија кој избувна на 15-ти феврауари се загинати меѓу 600 и илјада лица, а бтројката ранети во судирите меѓу демоснтрантите од една страна и приврзаниците на водачот Моемер ел-Гадафи и нему лојалните единици на безнебосните сили с епроценув ана повеќе од четири илјади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.
Свет
„Јас сум најискусен“: Зеленски за напуштањето на функцијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сè уште не смета дека е можно да ја напушти функцијата украински претседател пред крајот на војната.
– Јас сум најискусен. Можеби не и најдобар, секогаш има подобри луѓе, но најискусен – рече тој во интервју за „Скај њуз“. Во исто време, тој истакна дека е подготвен да ја напушти владата врз основа на резултатите од изборите, но не прецизираше кога би можеле да се одржат.
Претседателските овластувања на Зеленски официјално истекоа пред повеќе од една година, на 20 мај 2024 година, но изборите сè уште не се одржани, бидејќи Киев тврди дека тоа е невозможно до крајот на вонредната состојба.
Зеленски, исто така, рече дека се надева дека ќе разговара со Доналд Трамп на самитот на НАТО во Хаг.
„Да, одам“, рече Зеленски во интервју за „Скај њуз“, кога беше прашан дали очекува средба со Трамп на претстојниот самит на алијансата. „Не знам што ќе се случи. Тимовите работат, ајде да одиме.“
Тој избегна одговор на прашањето дали се подготвуваат сериозни преговори или само разговор, велејќи дека сега се дискутира времето на можна средба со американскиот лидер.