Свет
Повеќе од 120 загинати и 6 милиони раселени од полавите во Индија
Повеќе од 120 луѓе смртно настрадале во поплавите по обилните монсунски дождови што ја зафатија североисточна Индија, а шест милиони се принудени да ги напуштат домовите, соопштија индиските власти.
Метеоролозите предупредуваат дека обилните врнежи ќе продолжат и во следните 24 часа.
Најпогодена од поплавите е сојузната индиска држава Асам во која од коритото се излеа големата река Брамапутра. Невремето и силниот дожд ги погодија и соседните индиски држави Арунчал-Прадеш, Намипур и Мегалају, но таму нема жртви.
„Досега во поединечни инциденти смртно настрадаа повеќе од 120 луѓе, 55 се удавиле обидувјаќи се да побегнат пред поплавите, а 16 останале затрупани по одрон на земјиште“, се наведува во соопштението на локалните власти.
Своите домови поради поплавите морале да ги напуштат околу шест милиони луѓе. Тие се упатиле кон подрачјата на повисоки надморски височини, а локалната управа во државата Асам отворила повеќе провизорни прифатилишта.
Локалните власти во Асам известија дека од вкупно 27 покраини, од поплавите и одроните на земјиште се загрозени 26, како и дека се уништени илјадници куќи и многу патишта, а под вода се наоѓаат и големи земјоделски површини./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

