Регион
Безбедносната состојба во Србија е добра

Безбедносната состојба во Србија е добра, преземено е сѐ за да се сочуваат мирот и стабилноста, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Тој во интервју за РТС рече дека во компнената зона на безбедност упатени се дополнителни сили, како и дека е формиран здружен тактички тим кој е составен од припадници на полицијата на војската на Србија и на Безбедносно-информативната агенција.
„Овие единици ќе ја надгледуваат состојбата на теренот во наредните денови и ќе сториме сѐ терористичката активност да не се пренесе во Србија“, порача Стефановиќ.
Тој истакна дека тероризмот и присутен насекаде, па и во овој дел од светот и дека тоа не е нова ситуација.
Стефановиќ информираше дека во последните месеци надлежните служби го следеле развојот на состојбите во регионот, како што беа нападите на полициските станици во Гошинце и во Зворник.
„Го кренавме нивот на готовност и ги презедовме потребните мерки. Со колегите од Македонија, но не само со нив, сме во постојан контакт. Имаме сериозни партнери и сите информации и индиции ги споделуваме токму за да бидеме поефикасни“, рече Стефановиќ.
Српскиот министер информираше дека во делот на државната граница кон Македонија во копнената зона на безбедност биле упатени над 450 припадници на Жандармеријата како и дел од Противтерористичката единица и дел од припадниците на полицијата во Врање, за зајакната е и граничната полиција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин