Контакт

Македонија

Оценувањето на административците ги раскара пратениците

Објавено пред

Закон за административците ги раскараа политичарите и ги подели синдикалците. И додека Сојузот на синдикати го поздравува пакетот закони кој според нив е наменет за поефикасна администрација во земјава, синдикалците кои ги застапуваат вработените во администрацијата бараат повлекување на истите.

dobivaj vesti na viber

Новите законски решенија предвидуваат административните службеници, еднаш годишно, да добиваат оценки од кои ќе им зависи работното место, дали ќе бидат казнети или наградени.

Со оценки од 1 до 5, претпоставените ќе ја оценуваат работата на своите колеги, а тоа според опозицијата отвара можност за притисок и заплашување врз вработените бидејќи оценката на административецот, во голема мера, ќе зависи од волјата на претпоставениот.

Во формирањето на годишната оценка за учинокот, меѓу другите оценувачи, ќе учествуваат и граѓаните кои ќе ги оценуваат административни службеници кои при извршувањето на работните задачи имаат непосреден контакт со нив, а за кој постои и соодветен механизам.

Годишната оценка на административниот службеник ќе зависи од просекот на сите добиени оценки на годишно ниво по што административниот службеник ќе биде рангиран како: „особено се истакнува“, доколку неговиот просек се движи од 4.51 до 5.00; „се истакнува“, доколку има просек од 3.51 до 4.50; „задоволува“, доколку вредноста изнесува од 2.51 до 3.50; „делумно задоволува“, со просек од 1.51 до 2.50; и „не задоволува“, доколку овој просек е под 1.50.

Административците кои ќе добијат оценка „особено се истакнува“, ќе бидат наградени со најмногу една платата, а на лицата што ќе добијат оценка „не задоволува“, ќе им престане работниот однос./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на пратеникот Коњановски со амбасадорот на Казахстан, изразено задоволство од билатералните односи меѓу двете земји

Објавено пред

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со парламентите на: Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, Никола Коњановски, оствари денеска средба со амбасадорот на Казахстан во земјава Садбалди Бурашов.

dobivaj vesti na viber

Во оваа прилика, амбасадорот Бурашов врачи покана за посета на пратеници од Собранието на Република Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на оваа година, кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето дипломатски односи на нашата земја со Казахстан. Поканата е потпишана од претседателот на Групата за соработка со Собранието на РСМ во Парламентот на Казахстан.

Коњановски изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји, посочувајќи дека постои взаемна волја за продлабочување на соработката, посебно во економијата, културата, туризмот и во други сфери од заеднички интерес.

Соговорниците ја потврдија потребата од интензивирање на бизнис-соработката и разменија мислења околу мерките што би можеле да се преземат во таа насока, вклучително со организирање бизнис-форум во земјава за стопанственици од Казахстан.

Прикажи повеќе...

Скопје

Подигнати 80 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во општината Карпош е интервенирано на улиците Московска и Прашка, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад.

Во општината Ѓорче Петров се подигнати 20 кубни метри кабаст отпад, одложен на тревна површина долж главната улица.

Во општината Центар се расчистени приближно 15 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности и во скопската општина Чаир, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Цветан Димов, во непосредна близина на градинката Фидани и т.ц. Чаирчанка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски – Лазар во Будимпешта: На Македонија ѝ се потребни пријатели како Унгарија, ја унапредуваме соработка за забрзан развој и стабилност во регионот

Објавено пред

Македонија има силни инвестициони планови во модернизација на транспортната мрежа и во таа насока се реализираат крупни инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на транспортот во регионот посебно на европските коридори, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

Тој потенцриаше дека Македонија е силно посветена на изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта и затоа огромна е важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект.

Исто така на средбата министрите разговараа и за можноста за реализација на заеднички проекти од регионален интерес, зголемување на трговската соработка и инвестициите.

Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

На средбата беа разменети мислења и ставови во делот на зголемување на билатералните и мултилатерални односи и стабилностa во регионот. Вицепрмеиерот Николоски изрази огромна благодарност за несебичноста на унгарската влада во подршката што ја овозможуваат за економско зајакнување на Македонија и за процесот на евроинтегративните процеси на земјата.

Тој исткана дека Македонија е силно посветена на европерспективите преку реформирање на значајни сегменти во судството, борбата против криминалот и корупцијата.

„Овие средби со нашите унгарски пријатели ќе донесат големи придобивки за Македонија и регионот. И веќе македонските граѓани ги чуствуваат тие придобивки. Алоциравме 100 милиони евра кон општините за нивeн развој токму преку финансиската подршка од Унгарија, а оваа година веќе 250 милиони евра се ставени на располагање исто така за проекти во општините. Имаме одлични економски и билатерални односи со Унгарија, оваа година бележиме три децении од тие односи и сметам дека тоа е плод на заедничките политики. Ова е време кога се потребни силни пријатели, а Унгарија е силен партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата“, рече Николоски.

На средбата двете страни изразија задоволство од досегашата соработка, потенцирајќи дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е активност на која ќе работат и двете влади.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен...

Македонија4 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија4 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија4 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет4 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија5 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа5 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет7 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет7 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија20 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија20 часа

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија23 часа

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ23 часа

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет1 ден

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија1 ден

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија1 ден

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Подготвен сум да заминам во замена за членство во НАТО

Володомир Зеленски рече дека ќе биде подготвен да замине во замена за членството на Украина во НАТО, навестувајќи дека ќе...