Свет
Науру ја призна независноста на Абхазија

Тихоокеанскиот остров-држава Науру ја призна независноста на грузиската област Абхазија.Покрај оваа тихоокеанска земја грузиската област досега ја признаа Русија, Никарагва и Венецуела, соопшти во вторник министерот за надворешни работи на Науру, Кирен Кеке.
Тихоокеанскиот остров-држава Науру ја призна независноста на грузиската област Абхазија.
Покрај оваа тихоокеанска земја грузиската област досега ја признаа Русија, Никарагва и Венецуела, соопшти во вторник министерот за надворешни работи на Науру, Кирен Кеке.
Шефот на дипломатијата на островот со површина од 24 квадратни километри и 14 илјади жители, потпиша договор за соработка со министерот за надворешни работи на Абхазија.
Договорот е потпишан на свечената церемонија во главниот град на Абхазија Сухими, кој меѓународната заедница го смета за дел од грузиската територија.
“Се надевам дека воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите земји ќе и обезбеди на земјата мир и стабилност. Се надевам дека другите земји ќе го следат нашиот пример и ќе ја признаат независноста на Абхазија“, изјави Кеке.
Москва ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија по војната во август минатата година. /крај/бе/спд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.
Свет
Израелски министер: Нападот нема за цел соборување на иранскиот режим, но тоа може да се случи

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека целта на воените акции на израелската армија (ИДФ) не е да се промени режимот во Иран, дури и ако тоа е последица.
„Тоа не е целта, иако би можело да биде исход“, изјави Саар пред новинарите во Ришон Лезион, град во централен Израел кој неодамна беше цел на ирански напади.
Саар наведе три главни израелски цели во конфликтот.
„Прво, да се предизвика голема штета на иранската нуклеарна програма, а со тоа сè уште не сме завршиле“, рече тој.
Втората цел ја наведе како сериозно оштетување на програмата за балистички ракети на иранскиот режим, а третата како спречување на планот за уништување на државата Израел.