Свет
„Ди Велт“:Шенген зоната пред колапс?
За време на средбата на министрите за внатрешни работи на Европската унија(ЕУ) стана јасно дека нема единствена политика во врска со имигрантите, пишува германскиот весник „Ди Велт“.
За време на средбата на министрите за внатрешни работи на Европската унија(ЕУ) стана јасно дека нема единствена политика во врска со имигрантите, пишува германскиот весник „Ди Велт“. Весникот коментира дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони со неговата визна политика е изолиран и дека во Шенген зоната има сериозни несогласувања. Италија сака да го искористи безграничниот простор во Шенген зоната, за да го реши проблемот со напливот на имигранти од Тунис. Австрискиот министер за внатрешни работи Марија Фектер јасно посочи дека „несолидарните дејства“ на Берлускони може да доведат до колапс на Шенген зоната. За време на средбата беше посочено дека Берлускони е одговорен за сè. Во обид да се справи со илјадниците имигранти од Северна Африка, италијанските власти издадоа времени дозволи за престој. На тој начин, италијанскиот премиер ги третира имигрантите како туристи. Времените визи им дозволуваат на имигрантите да патуваат слободно во сите земји од Шенген зоната. Со овие дејства Берлускони и постави ултиматум на ЕУ – помогнете ни да се справиме со имигрантите, или ние ќе ги пуштиме кај вас, коментира „Ди Велт“. /крај/дв/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп привремено го затвора Центарот Кенеди: „Ќе изградиме глобален бастион на уметноста“
Американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за привремено затворање на Центарот Кенеди во Вашингтон за голема реконструкција, два месеци откако предизвика контроверзии со додавањето на своето име на културната знаменитост.
Трамп изјави на својата платформа Truth Social дека „Центарот Трамп Кенеди“ ќе се затвори во јули за околу две години. Тој рече дека реновирањето ќе го трансформира центарот во „бастион од светска класа на уметност, музика и забава“.
Владата на САД повеќе пати повтори дека комплексот на Центарот Кенеди, кој се наоѓа на реката Потомак, има потреба од поправки и модернизација.
Центарот Кенеди е домаќин на театарски, танцови и музички претстави и е именуван по поранешниот претседател Џон Ф. Кенеди (1917-1963). Името на Трамп беше официјално додадено во декември, предизвикувајќи протести и откажување на настапите од страна на некои изведувачи и групи во институцијата.
Кратко по преземањето на функцијата, Трамп отпушти неколку членови на одборот на директори на центарот и го презеде неговото раководство. Центарот традиционално е домаќин на над 2.000 настани годишно, вклучувајќи го и доделувањето на наградите „Почести на Центарот Кенеди“, кое обично се одржува секој декември.
Свет
(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“
Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата за најдобра латино урбана музика на доделувањето на наградите Греми во Лос Анџелес.
Бед Бани, кој ќе биде главен изведувач на полувремето на Супербоул следната недела, се осврна на мерките на администрацијата на Трамп против имиграцијата во страсниот говор на доделувањето на наградите Греми.
„Пред да му се заблагодарам на Бога, ќе кажам „ICE надвор!““, рече тој, осврнувајќи се на американските службеници за имиграција, по неколку недели тензии во Минеаполис каде беа убиени двајца цивили.
„Ние не сме дивјаци, ние не сме животни, ние не сме вонземјани, ние сме луѓе и ние сме Американци“, продолжи тој, додека ја примаше наградата.
Многу членови на публиката стоеја додека тој зборуваше. Порториканскиот уметник се смета и за фаворит за главната награда на вечерта, албум на годината. Неговиот говор беше најочигледно политичкиот момент на церемонијата, каде што многу уметници, вклучувајќи ја и Р&Б ѕвездата Кехлани, носеа значки „ICE out“ на црвениот тепих.
Свет
Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија
Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела, покажа анкета на весникот „Асахи“.
Силниот настап на изборите би го зацврстило влијанието на Такаичи врз партијата и би ѝ ги ослободил рацете за експанзивна фискална политика, што би можело да ги зголеми загриженостите за финансиите на Јапонија и да ги зголеми приносите од обврзниците.
Либерално-демократската партија на премиерката Такаичи веројатно ќе освои повеќе од 233 од 465 места во долниот дом, според анкетата на „Асахи“ објавена вчера.
Тоа би било зголемување во однос на сегашните 198 места. Заедно со коалицискиот партнер на ЛДП, Јапонската партија за иновации, или Ишино, владејачката алијанса веројатно ќе достигне 300 места, покажа анкетата.
Најголемата опозициска партија, Центристичкиот реформски сојуз, е во проблеми и би можела да изгуби половина од своите 167 места, објави „Асахи“. Владејачката коалиција на Такаичи моментално има тесно мнозинство во моќниот долен дом и малцинство во горниот дом.
Премиерката ги распиша новите избори со надеж дека ќе ја консолидира власта откако ја презеде функцијата од сопартиецот Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка по лошите изборни резултати.

