Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ТМ му помага на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите надлежни институции да направат длабинска и сериозна контрола на финансирањето на кампањите и на владејачката партија и на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите надлежни институции да направат длабинска и сериозна контрола на финансирањето на кампањите и на владејачката партија и на СДСМ.„Организацијата Транспарентност Македонија со цел да направи услуга на СДСМ сака да го изедначи начинот на финансирање на изборните кампањи на двете најголеми политички партии во државата“.Вака денеска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на извештајот на ТМ во кој се наведува дека доставените извештаи на политичките партии до Антикорупциската комисија не ја отсликуваат во целост реалната ситуација со приходите и расходите поврзани со изборнатакампања.Според ТМ, финансирањето на кампањите во голем дел се одвива по нерегуларни канали, преку исплати во кеш кои никаде не се евидентираат.„Фактот што сите надлежни институции се произнесоа дека финансирањето на кампањата на СДСМ е крајно сомнително, Транспарентност Македонија му помага на СДСМ со изедначување на впечатокот“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ во своето работење ги почитува сите закони и оти се сигурни за целосната исправност за начинот на кој работат.„Меѓутоа тоа што Транспарентност Македонија денеска истрча да му помогне на СДСМ е сигурен доказ дека и во СДСМ се свесни дека постојат сериозни неправилности и прекршување на законите, во однос на начинот на кој што тие ја финансираа својата изборна кампања“, се додава во реакцијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)