Контакт

Македонија

Пронајден мртов фетус во канализација во Гостивар

Објавено пред

Фетус стар меѓу четири и пет месеци бил пронајден во цевка за канализација во Гостивар.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Фетус стар меѓу четири и пет месеци бил пронајден во цевка за канализација во Гостивар.

Фетусот, како што соопштија за Макфакс од Министерството за внатрешни работи, бил пронајден во понеделник околу 8:30 часот, од вработените во комуналното претпријатие, кои одзатнувале цевка на улицата Петар Аврамовски.

Во моментот се врши увид на местото на настанот.

Според неофицијални информации, можно е фетусот да завршил во канализацијата од некои од дивите клиники низ Гостивар, во кои се вршат илегални абортуси. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ повика на оставки: Со донации за лекови не се менаџира кризата на Онкологија

Објавено пред

Десет дена нема лекови на Онкологија и проблемот се уште не е решен, луѓе умираат секој ден поради неспособноста на власта да обезбеди соодветна терапија, велат утрово од СДСМ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Опозициската партија критикува дека власта наместо да формира кризен штаб, да направи регистар и план за набавка на лекови, ќе го решава проблемот со донации, што е несериозно и нема да обезбеди системско решавање на недостатокот на лекови.

СДСМ ги повика директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Едукативен проект на Рудник САСА за запознавање на најмладите со природните вредности и нивната заштита

Објавено пред

Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета за нивно запознавање со природните убавини. Целта на книгата „Јасмина низ Осоговските Планини – приказна за запознавање на природните вредности и како да ги заштитиме“ е да се збогати литературата за деца на македонски јазик посветена на проучување на природата, како и да се даде придонес кон градењето на свесноста за потребата од зачувување на животна средина.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Книгата, која првенствено е наменета за деца и ученици до петто одделение, претставува едукативно еколошко четиво, кое преку автентичен стил на раскажување и градење на приказната го води читателот низ природните карактеристики на околината на рудникот Саса и Осоговските планини, нивните природни убавини и биолошка разновидност.

Книгата содржи и насоки за безбедно движење и правилно однесување во природа, а во неа, на соодветен начин, е опишана и симбиозата помеѓу рударството и природата, која со векови постоела во овој регион, како и активностите што ги презема рудникот Саса за одржување на ваквата рамнотежа.

Автор на текстот на книгата е биологот и едукатор Кирил Арсовски-Пржо, а цртежите се на младата наградувана илустраторка Софија Ситновска.

Упатувајќи благодарност до целиот тим кој работеше на реализацијата на овој едукативен проект, раководителот на службата за заштита на животната средина во Рудник Саса, Марија Стојановска изјави: „Идејата за реализацијата на овој проект произлезе од фактот дека свесноста и љубовта кон природните убавини започнува да се создава уште од најмала возраст. Затоа ние во рудникот Саса со посебно внимание и посветеност се ангажиравме во изработката на оваа прекрасно илустрирана книга која веруваме дека децата ќе ја засакаат и ќе придонесе за збогатување на нивите познавања за природата во која живеат и ги опкружува и која ќе биде еден вид патоказ за тоа како треба да се однесуваат кон неа“.

Најголем дел од тиражот на книгата рудникот Саса ќе им го отстапи на општинското основно училиште, детската градинка и општинските и градски библиотеки низ источниот регион, како и во други делови од земјата, а примероци од книгата ќе бидат доставени и во дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Ова едукативно издание е уште една од низата општествено одговорни активности што ја спроведува Рудник Саса, во рамки на својата долгорочна стратегија за одржлив развој и просперитет на заедницата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кумановец почина од Ковид

Објавено пред

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа дека починатото лице било вакцинирано со две дози на вакцина против Ковид-19, последната пред повеќе од три години.

Кај лицето се регистрирани коморбидитети, а е починато во болнички услови.

Инаку според последниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 20 до 26 јануари, тестирани се вкупно 341 материјали за Ковид, за 20,5 проценти повеќе во однос на минатата недела.

Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела. Позитивното лице во тековната недела е од Струга.

Од почетокот на годината регистрирани се вкупно 14 заболени лица. Бројот на заболени лица во месец јануари 2025 година е за 2,3 пати поголем во однос на
декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Кумановец почина од Ковид

Лице од Куманово на возраст над 60 години починало минатата недела од Ковид-19. Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираа...

Македонија49 минути

Македонец во Србија возел 184 километри на час, па удрил во полициско возило и повредил полицаец

Дваесет и тригодишен македонски државјанин е уапсен завчера оти возел 184 километри на час на автопатот кај Бујановац. Во таа...

Македонија1 час

ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за...

Европа2 часа

Русија објави учебник во кој тврди дека била принудена да ја нападне Украина

Вчера во Москва беше претставен нов школски учебник, кој ја споредува војната на Русија во Украина со советската борба против...

Свет2 часа

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп: името на Мексиканскиот Залив се менува на мапата

„Гугл“ вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ на „Гугл мапс“ откако администрацијата...

Свет3 часа

Трамп: Не сум 100% сигурен дека не смеам да се кандидирам за трет мандат

Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100% сигурен дека не смее...

Свет3 часа

Милијардер потврден како министер за финансии на Трамп, го поддржаа и многу демократи

Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии, давајќи му на милијардерот и менаџерот на хеџ фондовите, централна...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ им се обрати на студентите, тие го игнорираа: објавени снимки од блокадата

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад,...

Македонија14 часа

(Видео) Македонските Евреи се дел од нашиот идентитет, рече Давкова и повика на организирани посети на Треблинка

Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше...

Свет16 часа

Шефот на НАТО: Два проценти од БДП за одбраната беа поставени пред 10 години, тоа веќе не е доволно

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска ги повика земјите-членки на НАТО да трошат повеќе за одбрана од сегашната цел...

Македонија16 часа

Јаневска: Новата концепција е на јавна расправа, не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени

Не е точно дека предметите филозофија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование. Се работи за...

Македонија17 часа

Отворено писмо од гимназиски професори: Со отстранувањето на философијата во македонското образование стануваме периферија

Гимназиски професори по философија, логика и етика реагираат по повод Концепцијата за гимназиско образование, истакнувајќи дека радикално и категорично ja...

Македонија19 часа

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски,...

Македонија20 часа

Чудно е како Палевски ги има записниците од испитувањето на другите обвинети, вели обвинителката Крстевска

Од страна на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, Љупчо Палевски, беше побарано изземање на обвинителката Жаклина...

Топ23 часа

(Фото) Пронајдено безживотно тело на улица во Аеродром

Утрово околу 7 часот и 30 минути тело на мртов човек беше пронајдено на улица во скопската населба Аеродром. На...

Регион23 часа

(Фото) Директен судир на два автобуса кај Белград, двајца загинати, десетици повредени

Во сообраќајна несреќа, што утрово околу 6.20 часот се случила на обреновачкиот пат, во близина на Белград, се судрија два...

Скопје1 ден

Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува...

Македонија1 ден

„Дали Филипче е вмешан во вештачката криза на Онкологија преку веледрогеријата ‘Пановски’“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра? Вештачката криза што се...

Македонија1 ден

Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта, велат од „Влен“

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ...

Европа1 ден

(Видео) Лукашенко за противниците: Некои се во затвор, други во егзил, секој има право на избор

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија...