Македонија
Вранишковски ставен во домашен притвoр
Распопот Зоран Варанишковски доби домашен притвор во Бугарија, мерка што му ја одредило бугарското обвинителство
Спроед софиските меидуми, гаранција дала Бугарската православна црква и Вранишковски бил веќе сместен во некој од софиските манастири. Времетраењето на домашниот притвор за српскиот владика Јован на ткн, ПОА во Македонија не е ограничено. Според одлуката на бугарските правосудни органи, според која Вранишковски ќе остане во некој од имотите на Бугарската православна црква Во околината на Софија, со право да биде екстрадиран во Македонија. Бугарската полиција го уапси Вранишковски во понеделникот вечерта на граничниот премин Калотина на бугарската страна со Србија. Најпрво му беше изречено 24-часовно задржување, а потоа и екстрадиционо од 72 часа. И овој рок истече, а документацијата за неговата екстрадиција, како што информираат бугарските медиуми, се уште не е доставена.По барање на Судот во Битола, македонското биро на Интерпол распиша потерница по Вранишковски. Во петокот Српската православна црква ги повика претседателите на Србија и Бугарија неодложно да го ослободат Вранипковски. Неофицијални извори од БПЦ денес коментираа пред ЕФАКТ дека бугарската црква не сака да се меша во случајот со Вранишковски. Уште повеќе што пет калуѓерки, кои ја напуштија црквата на Јован беа прифатени точно од Бугарската црква. Во моментот тие се наоѓаат во Клисурскиот манастир, којшто е во надлежност Видинската епархија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

