Македонија
Излезе првиот број на „Студентско Ехо“
Во рамки на Катедрата по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, излезе првиот број на весникот „Студентско Ехо“.
Во рамки на Катедрата по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, излезе првиот број на весникот „Студентско Ехо“.Како што информираат од катедрата, станува збор за студентскиот весник кој претставува резултат на “стекнатите знаења на студентите по новинарство и односи со јавноста и спој на нивната креативност, идеи и верувања, им овозможува на идните новинари практично да го применуваат она што како знаење и теорија го здобиваат на нивната студиска програма“. Името весникот го добил како инспирација од звукот „што не запира и се шири низ далечината – ехото, кое допира насекаде без препреки и бариери“. „Инспиративни, креативни и храбри” е мотото под кое студентите го пишувале првиот број на весникот, но и мото под коешто, велат, ќе продолжат натаму. Особено достигнување е тоа што весникот го изработуваат првите генерации од насоката Новинарство и односи со јавноста на штипскиот универзитет, во соработка со нивните ментори, а е поддржано од тимот на Центарот за односи со јавноста и целиот Универзитет. Весникот се издава со финансиска поддршка на Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев“, а ќе излегува трипати во текот на студиската година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

