Македонија
„Форум“ – Циле сепак наплаќал незаконски провизии
Васил Тупурковски во времето додека бил директор на Агенцијата за развој и инвестиции наплаќал незаконски провизии на штета на Буџетот на Македонија
Васил Тупурковски во времето додека бил директор на Агенцијата за развој и инвестиции наплаќал незаконски провизии на штета на Буџетот на Македонија.
Ова го тврди неделникот Форум, повикувајќи се на информации до кои дошол.
„Наплатата се вршела во меѓународна мрежа од Агенцијата за развој и инвестиции на Македонија до еврејска фирма од која провизијата од 6 насто се префрлала на сметка на фирма во Грција. Само со една таква трансакција на Циле му била пресметана провизија од 1.000.000 долари“, тврди „Форум“.
Неделникот понатаму наведува дека овие информации фрлаат ново светло врз судскиот случај Тупурковски во кој со пресуда на Основниот суд Скопје 1 за организиран криминал е осуден на 3,5 години затвор. И во текот на постапката и за пресудата, Тупурковски и Јован Андонов Реган како второобвинет, даваа квалификации за политичка хајка. Како сведок пред судот се појави и некогашниот премиер и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.
„Форум“ потсетува дека опозицијата деновиве и посетата на претседателот на Апелациониот суд Скопје, Јован Митриновски кај премиерот Груевски ја поврза со судскиот предмет на Тупурковски кој вложи жалба до Апелациониот суд.
Инаку по објавувањето на првостепената пресуда Тупурковски покрена јавен протест на плоштадот Македонија во Скопје за собирање потписи на граѓани за поддршка за оспорување на пресудата за казна затвор.
На Тупурковски поддршка му даде здружение на раселени Македонци од Грција, а поддршка побара и од комисија од Меѓународниот олимписки комитет, како и од некои американски конгресмени. /крај/форум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

