Македонија
Шестгодишнината од хеликоптерската несреќа кај Блаце одбележана и во БиХ

Комеморативна церемонија за одбележување на шестгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа во која загинаа единаесет припадници на АРМ, беше организирана во недела во кампот Бутмир во Сараево, БиХ.
Делегација од Република Македонија предводена од Државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски заедно со претставници на Армијата на Република Македонија им оддадоа почит на трагично загинатите војници и положија венец со свежо цвеќе на спомен обележјето.
На комеморативната церемонија Стефаноски ја потенцираше големата загуба на Армијата на Република Македонија и улогата која македонските војници ја имаат во придонесот кон глобалната безбедност и светскиот мир, како и кон создавање на траен мир и безбедна средина на регионално ниво.
„Загубата на нашите 11 мировници е прва непреболена загуба на Република Македонија во нејзиниот придoнес кон глобалната безбедност и светскиот мир. Загинатите мировници беа одлични и достојни промотори на заложбите на Република Македонија во придонесот за создавање траен мир и безбедна средина во нашиот Регион. Секогаш кога зборуваме за нашите постигнувања во евроатлантските интеграции, војниците и старешини во меѓународните мисии беа посебно издвојувани и потенцирани како нашата најголема вредност, тие се нашите амбасадори на мирот. Токму преку безрезервниот ангажман на нашите војници и старешини во мисиите надвор, Република Македонија го зацврсти својот меѓународен углед и кредибилитет на држава која може рамноправно со сите останати да се соочи и со најтешките предизвици“, рече Стефановски.
Воедно, во кампот Бутмир, државниот секретар Стефаноски оствари средба и со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор Дитер Хеидекер, на која беше реафирмирана поддршката на државата во воспоставувањето, одржувањето и унапредувањето на регионалната стабилност и безбедност, како и развојот на регионалната соработка, како темел на мирот во овој дел од светот. Генералот Хеидекер се заблагодари за придонесот на Република Македонија во рамки на операцијата ЕУФОР-АЛТЕА и посочи дека македонскиот контингент професионално и вешто ги извршува доделените задачи.
Истовремено, државниот секретар Стефаноски оствари средба и ги посети припадниците на македонскиот контингент во кампот Бутмир.
Република Македонија во операцијата на ЕУФОР учествува со вкупно 11 лица – медицински тим за ROLE 1 медицинска поддршка на кампот во Бутмир и воен правник, помошник правен советник во Командата на ЕУФОР, БиХ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Влен: Со „One Stop Shop“ во Табановце, татковината е поблиску од кога било

Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за дијаспората што се враќа за време на летната сезона, велат од „Влен“.
„Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија. Неговата примена и во Табановце е резултат на јасната политичка заложба на Влен за конкретни реформи што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
За ВЛЕН, владеењето не е само ветување – тоа се конкретни дела во служба на граѓаните.
Нашата дијаспора заслужува почит и достоинствен третман во секој контакт со државата.
Со „One Stop Shop“, татковината е навистина поблиску – добредојдовте дома!“, велат од „Влен“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи

Македонија дигитално се трансформира, за прв пат донесен е Закон за Сајбер безбедност, 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја наследи Македонија со целосно уназадена дигитализација. Наместо за седум години власт на СДС да ги унапредуваа дигиталните услуги, тие како да сакаа државата да ја вратат децении назад.
Но, за една година Влада, ВМРО-ДПМНЕ покажа како се работи напорно во интерес на државата и граѓаните и почна да ги гради темелите за дигитална трансформација на Македонија.
Со цел помалку административни гужви, побрзи и полесни административни постапки за граѓаните, се воведоа нови 120 електронски услуги за граѓаните на националниот портал uslugi.gov.mk.
Најчесто користените услуги од институциите како потврда за неосудуваност, електронски извод од матична книга на родени, електронско уверение за државјанство, потврда за набавка на оружје, ги направивме целосно електронски достапни.
За ваквите електронски документи имаат иста важност како оригиналните издадени од институциите, се донесоа измени на Законот за електронски документи со што документи се признаваат за целосно валидни.
Отворени нови административни Центри за услуги (ЕТУ) за граѓаните во Аеродром, Јегуновце и Штип, во кои центри вработените од министерството им посредуваат на граѓаните при аплицирање и издавање на повеќе од 300 услуги од порталот.
Со отворањето на ваквите центри ги доближуваме административните услуги до граѓаните коишто не се во можност да користат интернет, да патуваат до централните единици на институциите, или немаат соодветно познавање за користење на електронски уреди.
За поголема безбедност и заштита на податоците се донесе Закон за Сајбер безбедност, со кој државата за прв пат добива закон за безбедност на мрежи и информациски системи.
Се донесе Закон за медиуми со што по повеќе од 12 години издавачите на онлајн медиуми- интернет-публикации се препознаени во закон.
Меѓу другото, се донесе и забраната за 226 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. Најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од пандемијата на игри на среќа, особено преку нелегалните игри на среќа кои се организираат преку онлајн платформи, истите претставуваат опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежни картички.
Во подготовка е владина Супер апликација (SupperApp) која треба да биде лансирана во октомври 2025 година, со помош на која во електронска форма, граѓаните ќе ги имаат своите лични карти и возачки дозволи, а Владата и министерствата добиваат заштитени и унифицирани веб страници.
Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран.
Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степен.
Во сила се препораките за заштита на населението.
– Ослободување од работни обврски бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија);
– Одложување на работниот процес во критичните часови (11 – 17 часот) за работници изложени на директна топлина;
– Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;
– Работодавците да обезбедат микроклиматски услови за работа во согласност со акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
– Активирање планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат во согласност со интерните протоколи за кризна состојба.
Од среда се очекува заладување.