Економија
Германската економија со рекорден раст од 2,2 проценти

Раст на германската економија од 2,2 проценти во вториот квартал од годинава. Ова е рекорден пораст во последните 20 години, покажува официјалната статистика.
Раст на германската економија од 2,2 проценти во вториот квартал од годинава. Ова е рекорден пораст во последните 20 години, покажува официјалната статистика.
„Таков раст од еден до друг квартал не е забележан никогаш претходно, откако се обединија двете Германии“, соопштуваат од националното биро за статистика, Дестатис.
Главна причина за раст повисок од очекуваниот, според Бирото, е силниот извоз, потпомогнат од ослабнатото евро.Направена е и корекција на бројките за економскиот пораст во првите три месеци од 2010 година. Првично објавените 0,2 отсто, Дестатис ги коригираше на 0,5 проценти.
Покрај силниот придонес на извозот, за позитивните бројки помогнало и домаќинското трошење на државниот буџет. Растот иако проектиран меѓу 1 и 1,5 проценти, сепак не ги изненади експертите. Дел од нив сметаат дека ваквиот резултат се должи главно на два фактора. Прво на градежната оператива, која успева да обезбеди работа по ладната зима и второ на големата побарувачка од странство на германски производи.
И експертите и германскиот министер за економија, Реинер Брудерле, се свесни дека во следниот период не може да се очекува ваков раст.
Растот во другите европски економии е значително помал од тој во Германија. За споредба, во Франција во последните три месеци имало раст од 0.6 отсто, а во Шпанија, Институтот за национална статистика објавил пораст од скромни 0,2 проценти во вториот квартал од годината. Податоците за другите земји од еврозоната ќе бидат објавени до крајот на август, пренесува BBC./крај/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Работен состанок со претставници на Централната банка на Италија за размена на искуства против фалсификувањето пари

Во Народната банка се одржа работна средба помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, нејзиниот тим и италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери и високите претставници од Одделот за борба против фалсификување пари на корпусот на Карабинерите, генерал – командант Џанлука Витаглиано и поручник Пиер Луиџи Фери заради размена на искуства и истражни техники против фалсификување пари. На средбата беше заклучено дека Народната банка постојано ги јакне своите капацитети во овој домен следејќи ги европските стандарди. Притоа беше истакнато дека меѓународната соработка е од исклучително значење за справувањето со овие појави и дека соработката помеѓу двете централни банки и натаму ќе се зајакнува преку повеќе форми. Амбасадорот ѝ честиташе на Народната банка за успехот поврзан со пристапувањето кон СЕПА (Единствената област за плаќање во евра).
На работниот состанок на кој присуствуваа и претставници од Министерството за внатрешни работи од Одделот за финансиски криминал, тимот на Дирекцијата за трезорско работење во Народната банка организира презентација во однос на правната регулатива, институционалната поставеност и начинот на функционирање на системот за борба против фалсификувањето пари, како и за заштитните елементи на денарите.
Беше претставена улогата на Народната банка, којашто како единствена овластена институција во земјава, им дава постојана поддршка на вработените во кредитните институции и центрите за готовина преку задолжителни обуки за рачна проверка на автентичноста и соодветноста на парите во оптек и преку специјализирани обуки за полициските и царинските службеници, како и за експертите од останатите институции коишто во рамките на своите надлежности преземаат активности за спречување на и справување со фалсификувањето на пари.
На состанокот беше оценето дека мерките и активностите насочени кон спречување и справување со фалсификувањето имаат суштинско значење за целокупниот интегритет и зајакнувањето на стабилноста на домашната економија и на финансискиот систем во земјата, како и за заштитата на финансиските интереси на останатите земји чии валути циркулираат во нашиот платен промет.
Посетата беше остварена во рамките на проектот „Перикле IV“ (2021 − 2027), програма насочена кон финансирање размена на персонал, семинари, обуки и студии за органите за спроведување на законот и судските органи, банките и другите институции вклучени во борбата против фалсификувањето на еврото. Активностите се одвиваат во еврозоната, во земјите на ЕУ надвор од еврозоната и во трети земји.
Економија
Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на Италија и којшто е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.
Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката за Западен Балкан на Светската банка, Шиаочин Ју и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа и вицегувернерката Емилија Нацевска, генералната директорка за супервизија, Викторија Глигорова и секторската директорка за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. На средбата беше нагласена посветеноста на Народната банка и инволвираните институции во земјава, коишто со поддршка на експертите од Светската банка напорно работеа на забрзување на процесот на интеграција на земјава во платежната инфраструктура на Европската Унија, преку приклучување кон СЕПА.
На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за постојаната поддршка којашто Светската банка ни ја даваше во целиот процес, со што ефективно се усогласија националните со регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА, при што нашата земја стана 39 членка на СЕПА.
На состанокот стана збор и за натамошна модернизација на платните системи и натамошни придобивки за граѓаните, особено преку приклучување кон проектот којшто го спроведува Централната банка на Италија, а е наменет за сите земји од Западен Балкан. Се работи за воспоставување систем за инстант плаќања како клон на системот ТИПС со кој управува Европската централна банка (ЕЦБ). Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ.
Во изминатите три децении, Светската банка ѝ е значајна партнерка на Народната банка, којашто дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјава и на централната банка и за одржување на макроекономската стабилност. Светската банка ѝ даде поддршка на Народната банка во подготовката на тригодишниот план за зелени финансии, изработката на макропрудентната стратегија и зајакнувањето на рамката за системски ризици, како и за изработката на подзаконската регулатива за решавање банки.
Економија
Компанијата Кожувчанка ја лансира првата Апликација – Потсетник за пиење вода, од Изворска!

Компанијата Кожувчанка повторно ја изненадува јавноста со иновација и новитет создавајќи ја првата апликација во Македонија која ве потсетува да се напиете вода и да останете хидрирани во текот на целиот ден!
“Ние како Компанија секогаш ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и дејствуваме за подобрување на квалитетот на нивниот живот. Живееме во ова брзо време што ни носи многу грижи, настани и предизвици со кои сите ние се справуваме, па често ни се случува да заборавиме на себе и своите потреби. Затоа ја создадовме Изворска Апликацијата која ќе ве потсетува во текот на денот дека треба да бидете хидрирани! Таа е бесплатна за преземање, па ви посакуваме на сите – Со здравје користење.” – изјавија од Маркетинг секторот на Компанијата.
Како работи апликацијата?
Со користење на функцијата за скенирање на баркодот од Изворска етикетата, апликацијата точно ќе го препознае количеството вода што ја пиете, и ќе ви покаже колку литри уште треба да испиете за да ја достигнете дневната цел за хидратација.
А, ова се нејзините основни карактеристики:
• Бесплатна и лесна за користење: Преземете ја апликацијата и започнете веднаш!
• Персонализирана: Точно пресметува колку вода треба да пиете врз основа на вашите лични потреби.
• Потсетник: Заборавивте да се напиете вода? Нема проблем – апликацијата ќе ви испрати потсетување.
• Статистика: Следете го напредокот на вашата хидратација на дневно и месечно ниво.
Изворска Апликацијата е достапна за преземање бесплатно на платформите Google Play и App Store: app.izvorska.mk
Компанијата Кожувчанка и брендот Изворска продолжуваат да инвестираат во иновации кои го подобруваат здравјето и квалитетот на животот на своите потрошувачи, а оваа апликација е само еден пример за нивната посветеност.
Ваша,
Кожувчанка
ПР