Македонија
Џафери-Кучи: Меѓу Македонија и Косово нема отворени прашања
Вицепремиерот Муса Џафери и неговиот косовски домаќин заменик претседателот на владата на Косово Хајредин Кучи денеска во Приштина се согласија дека меѓу Косово и Македонија нема отворени прашања и дека треба да се прошири соработката меѓу двете земји.
Вицепремиерот Муса Џафери и неговиот косовски домаќин заменик претседателот на владата на Косово Хајредин Кучи денеска во Приштина се согласија дека меѓу Косово и Македонија нема отворени прашања и дека треба да се прошири соработката меѓу двете земји. Џафери денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, при што имаше одвоени средби со заменик-претседателот на владата Хајредин Кучи, со премиерот Хашим Тачи, како и се претседателката на Косово Атифете Јајага. По средбата со косовскиот вицепремиер Кучи, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери истакна дека меѓу Македонија и Косово нема ниту едно отворено прашање и дека во иднина треба да се продлабочи соработката помеѓу двете земји.„Се согласувам со г-дин Кучи дека меѓу Република Косово и Република Македонија нема ниту едно отворено прашање, затоа сите договори, постигнатите меморандуми меѓу двете земји треба да почнеме да ги спроведуваме во практиката, како што се постигнатите договори од ресорот на г-дин Кучи – правдата, што е една значајна сфера за Република Косово, но и за нас. Ние имавме можност да ги истакнеме многуте сфери што се во агендите на двете Влади, што се однесува до инфраструктурата, европските интеграции каде што ние сме подготвени со нашето искуство да и’ понудиме соработка и помош на вашата земја и ова ќе биде предност за Република Косово за да добие позитивно искуство што ние досега го достигнавме“, истакна вицепремиерот Џафери.Косовскиот вицепремиерот Хајредин Кучи истакна дека Владата на Косово, исто така, смета дека со Република Македонија нема ниту едно отворено прашање, затоа тоа го смета како можност за целосна соработка меѓу двете земји.„Бев исклучително почестен што имав можност да бидам домаќин на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, со којшто разменивме мислења, искуствата и изразивме подготвеност за целосна соработка меѓу двете земји. Дозволете ми да кажам дека Владата на Република Косово смета дека со Република Македонија нема ниту едно отворено прашање,туку, напротив, има можност за соработка во политички , економски, културен план, како и во сите други сфери“, истакна косовскиот заменик-премиер Кучи.Вицепремиерите на Косово и на Македонија се согласија дека продлабочувањето на соработката и почетокот на практичното спроведување на оваа соработка, ќе биде корисно за граѓаните на двете земји, информираат од владиниот сектор за спроведување на Рамковниот договор./крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

