Свет
Апаратот јавен, плаќањето тајна
Единствено е важно дека апаратот бил две-три години во употреба и има гаранција оти ќе работи без проблем најмалку пет години, рече директорот Андреја Арсовски
Единствено е важно дека апаратот бил две-три години во употреба и има гаранција оти ќе работи без проблем најмалку пет години, рече директорот Андреја Арсовски
На Институтот за радиологија, вчера беше пуштен во употреба репариран апарат за компјутеризирана томографија, со што пациентите отсега ќе чекаат покус период за снимање, односно една до две недели. Директорот на Клиничкиот центар Андреја Арсовски одби да одговори колку Центарот ќе плаќа за годишно одржување на апаратот на фирмата „Д-р Пановски“, иако станува збор за набавка во јавна здравствена организација.
– Договорот е деловна тајна. Единствено што е важно е оти репарираниот апарат бил две-три години во употреба, по што бил рефабрикуван и има гаранција оти ќе работи без проблем најмалку пет години. Од „Сименс“ го видоа стариот апарат, кој беше во дефект, и проценија дека поисплатливо е на Институтот да достават репариран КТМ отколку да го сервисираат постојниот, чија поправка би чинела околу 140 илјади евра, без гаранција дека нема брзо да се расипе – рече Арсовски на вчерашната прес-конференција.
Тој додаде дека на ваков начин ќе биде заменет и апаратот во Ургентниот центар. Репарираниот апарат е набавен во состав на годишниот договор за одржување што Клинички центар го има со фирмата „Д-р Пановски“, која била овластен сервисер на опремата од марката „Сименс“.
Поединечни точки од договорот не му се познати ниту на директорот на Институтот за радиологија, Миодраг Врчаковски, каде што апаратот ќе работи.
– Договорот е разгледуван во Фондот за здравство и министерствата за здравство и за финансии. Точно е дека апаратот е „секонд хенд“, но, иако е репариран, тој е со одличен квалитет. Тој бил користен само три години, а претходниот сопственик сакал да има 16 слајдови, а не четири, и затоа го вратил. Од апарат „мртовец“, кој неколку години беше надвор од употреба поради чести дефекти, добивме апарат кој е четирипати побрз од оној во Ургентниот центар, со кој досега се третираа сите пациенти. Ако досега се снимаа триесетина пациенти дневно, сега ќе може да се снимаат четирипати повеќе, со што ќе се намали и времето на чекање – рече Врчаковски.
Тој вели дека и зрачењето со овој апарат е помало за 35 отсто во споредба со стариот.
Фондот плаќа само за половина од прегледите
Иако, сега има доволно апарати на Институтот, според Врчаковски, и понатаму ќе имаат проблем со снимањата, бидејќи Фондот за здравство плаќа само за половина од извршените прегледи.
Полна цена на снимањето на компјутерскиот томограф чини 5.500 денари, а на магнетна резонанција 18.000 денари. Осигурениците на Фондот плаќаат партиципација од околу 20 отсто, но бројката на снимањата е ограничена.
– Фондот ни одобрува само пет снимања магнетна резонанција и 10 на компјутерски томограф. Другите пациенти и понатаму ќе се прегледуваат на товар на Институтот за да им се излезе пресрет на потребите на пациентите – вели Врчаковски.
Љубица Балаба
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

