Македонија
МПЦ испрати сочувство до СПЦ
Синодот на МПЦ испрати писмо со сочувство до Српската Православна Црква за загубата на Патријархот Павле, а определи и своја делегација која ќе учествува на погребот
Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква по повод упокојувањето на поглаварот на СПЦ, денес во просториите на Македонската архиепископија, одржа вонредна седница.Синодот испрати писмо со сочувство до Српската Православна Црква, а според соопштението од седницата, на погребот на патријархот Павле ќе учествуваат митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.Седницата започна со молитва за покој на душата на починатиот патријарх.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре со студено утро, преку денот сончево
Времето утре, наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.
Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.
Македонија
Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план.
Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ.
„Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата кампања покажа дека знае да мобилизира поддршка и да привлече внимание. Верувам дека со неговото вклучување ќе добиеме значајно кадровско засилување,“ рече Филипче.
Тој потврди дека на вечерашниот состанок ќе бидат презентирани и други промени, повикувајќи на трпение од членството и симпатизерите додека трае внатрепартискиот процес.
Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Во 2012 година ја завршил специјализацијата по ортопедија, а во 2019 година и субспецијализацијата по трауматологија. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Трајановски е активен на политичката сцена како член на Извршниот одбор на СДСМ.
Македонија
Мицкоски: Ако може и да не сме Македонци ќе бидеме најдобри, некој ни прави булинг за да не сопре да напредуваме кон ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе ги заврши сите обврски поврзани со евроинтеграциите, но дека нема да дозволи булинг врз Македонија во процесот.
„Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ да ја завршиме домашната работа, ајде да видиме тогаш што ќе се случи. Пред 8 години, кога менувавме имиња и презимиња, ни велеа дека сме фронт ранери и дека за 3-4 години ќе бидеме во ЕУ. Тие 3-4 години изминаа и и каде сме? Таму каде што бевме пред 25 години,“ изјави Мицкоски.
Тој додаде дека не прифаќа нови притисоци во процесот.
„Ако го смениме Уставот, уште ако може и да не сме Македонци, да сме нешто друго – ќе бидеме најдобри. Токму така како што некој ни прави булинг и сака да ја сопре Македонија да напредува кон ЕУ. Тоа нема да го дозволиме“ рече Мицкоски.
Во однос на црвените линии во спорот со Бугарија, Мицкоски изјави: Подготвени сме да седнеме и да разговараме, ама не е коректно некој да очекува дека оваа влада, додека сум јас премиер наеднаш ќе рече, е добро, ова што досега го зборувавме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Вакви предавства и капитулации додека сум јас премиер нема да се случат, заклучи премиерот одговарајќи на новинарски прашања.

