Македонија
Вермонт усвои резолуција за соработката со Македонија
Собранието на Вермонт со акламација усвои резолуција за соработката меѓу оваа сојузна држава и Република Македонија и армиското партнерство меѓу Националната гарда на Вермонт и Армијата на Република Македонија (АРМ) во изминатите 17 години, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.
Резолуцијата го уважува учеството на Македонија во меѓународните мисии и изразува благодарност за заедничките напори со Вермонт за мирот, безбедноста и стабилноста ширум светот.
За македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими, резолуцијата дава политичка поддршка и тежина на ангажманот на АРМ со Националната гарда од Вермонт во меѓународната мисија ИСАФ во Авганистан.
„Таа претставува валоризација за досегашниот партнерски однос со АРМ“, оцени Бесими, кој ја предводеше вишата делегација од Министерството за одбрана на свеченото усвојувањето на резолуцијата во административниот и политички центар на Вермонт, главниот град Монпеље.
Бесими во изјавата за Гласот на Америка на македонски по усвојувањето на резолуцијата го подвлече пријателството и желбата за продлабочување на соработката со САД во меѓународните мировни мисии.
„Учеството во меѓународните мисии, како во Авганистан, под заедничка команда на САД, е од голема важност за капацитетот на АРМ во правец на усовршување тактичката подготвеност, согласно стандардите на НАТО“, рече министерот.
Првиот човек на македонската одбрана во Монпеље се сретна и со гувернерот на Вермонт Питер Шумлин, со кој, според македонската делегација, освен за можностите во одбраната, разговарал и за цивилниот сектор.
Пратеници од обете партии во Собранието на Монпеље на средбата со Бесими порачале дека Вермонт ја отсликува соработката на Македонија со САД и дека очекуваат, освен на армиски, таа да се продлабочува и на економски, културен и образовен план, според информациите од македонската делегација.
Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби ги пофали македонските војници за високиот степен на професионализам и подготвеност на заедничката мисија во Авганистан.
Бесими одржа и тркалезна маса со студентите по економија на Универзитетот во Вермонт, говорејќи за економските потенцијали што Македонија ги нуди на странските инвеститори.
Досегашната соработка меѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт резултираше во 700 активности во кои беа вклучени 4.000 припадници од воениот и цивилниот сектор. Министерот ја продолжува неколкудневната посета во САД со средба со секретарот за одбрана Леон Панета во понеделник во Пентагон./крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

