Свет
Во Авганистан убиени двајца странски војници

Маж облечен во униформа на авганистанската армија убил два припадника на странските сили во источниот дел на Авганистан, соопшти командата на НАТО во Кабул.
Маж облечен во униформа на авганистанската армија убил два припадника на странските сили во источниот дел на Авганистан, соопшти командата на НАТО во Кабул.Штабот на предводената од НАТО мисија на Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) соопшти дека напаѓачот кој бил облечен во униформата на Авганистанската национална армија во четвртокот го свртел оружјето кон двајца странски војници во источниот дел на Авганистан, при што ги усмртил на самото место.ИСАФ отвори истрага за инцидентот, се додава во соопштението, без да дадат детали за точната локација на инцидентот или националноста на жртвите.Инцидентот е најнов во серијата напади од страна на припадниците на авганистанските безбедносни сили кон странските војници.Минатата седмица, авганистански војник отвори оган врз американските војници во тренинг базата во областа Пушт-Род во западната провинција Фарах, при што загинаа двајца американски војници, а беа повредени пет други.Во сличен инцидент во ноември, војник на авганистанската армија рани тројца австралиски војници во јужната провинција Урузган.Во април, пилот на на авганистанската армија отвори оган врз припадниците на меѓународните сили на аеродромот во близина на престолнината Кабул, убивајќи осум странски војници.САД и челниците на НАТО ја назначија 2014 година како датум кога ќе ја предадат безбедноста во рацете на локалните власти во Авганистан.Според интернет страницата специјализирана за регистрирање на жртвите од војните во Ирак и во Авганистан, досега во 2011 година во разни инциденти и борби со авганистанските бунтовници загинале 563 странски војници, од кои 413 се американски, 45 се британски и 105 се припадници на другите национални контигенти во рамките на мисијата ИСАФ. Со тоа годинава стана втора според смртноста во периодот од 2001 година откако беше извршена инвазијата на сојузничките сили со кои беше соборен талибанскиот режим во Кабул. Најсмртоносна е минатата 2010 година со 711 жртви, а досега втора по смртноста беше 2009 година со 521 загинат странски војник, речиси двојно повеќе од претходната 2008 година со 295 убиени војници којашто дотогаш беше најсмртоносната./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.
Европа
Полска пронајде докази за подметнатиот пожар во трговскиот центар во Варшава, го затвори рускиот конзулат; Русија бесна

Полска ќе го затвори рускиот конзулат во Краков откога пронајде докази дека Москва е одговорна за големиот пожар, кој речиси целосно уништи трговски центар во Варшава во мај 2024 година, изјави денес полскиот министер за надворешни работи.
❗🔥🇵🇱 – A huge fire hit the “Marywilska 44” shopping center in Warsaw, consuming almost all of its 1,400 commercial units, including kiosks.
The shopping mall, one of the largest in the city, belonged to Mirbud and is practically destroyed.
Authorities are fighting the fire,… pic.twitter.com/7Z34ZGyBzQ
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) May 12, 2024
Веќе напнатите односи меѓу Варшава и Москва достигнаа нови височини со руската инвазија на Украина во 2022 година. Полска тврди дека нејзината улога како еден од најважните бедеми на Киев ја направила цел на руски саботажи, сајбер-напади и дезинформациски кампањи, што Москва го негира.
Вчера, премиерот Доналд Туск изјави дека Полска со сигурност знаела дека руските тајни служби стојат зад големиот пожар на улицата Меривилска во главниот град.
„Поради доказите дека руските специјални служби извршиле неприфатлив чин на саботажа против трговскиот центар на улицата Меривилска, решив да ја повлечам мојата согласност за работа на Конзулатот на Руската Федерација во Краков“, напиша министерот за надворешни работи, Радослав Сикорски на „Икс“.
Како одговор, руското Министерство за надворешни работи објави дека Полска намерно ги прекинува врските со Москва, објави државната новинска агенција РИА.
„Варшава продолжува намерно да ги уништува односите дејствувајќи против интересите на своите граѓани“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од државната новинска агенција РИА. Таа додаде дека Русија набргу ќе даде соодветен одговор.