Свет
НАСА откри бактерија што може да преживее со арсен
Научниците на американската вселенска агенција НАСА откриле организам кој не само што преживува во средина богата со арсен, туку го инкорпорирал овој елемент во својата ДНК.
Овој податок менува се што сме знаеле за живот на Земјата и ја подигнува можноста за развој на поинаков облик на живот на нашата планета.
Водачот на истражувачкиот тим, астробилогот Фелишија Волф-Сајмон на синоќешната прес конференција објави дека во соленото езеро Моно во Калифорнија била откриена бактерија, која што се разликува од сите остани облици на живот на Земјата.
„Го предводев тимот кој откри микроб, кој што може да замени арсен за фосфор во главните биомолекули. Животите што ги познаваме користат јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур како главни елементи за ДНК; протеините и мастите. Значи откривме организам кој може да замени еден од тие шест клучни елементи“, рече Волф-Сајмон.
Необичниот микроб, наречен ГФАЈ-1, е дел од групата гамапротеобактерии. Во експериментот на оваа бактерија постепено и се намалувала количината на фосфор и и се зголемувала количината на арсен.
Иако го променила изгледот, бактеријата продолжила да се развива, а при хемиското тестирање во нејзината ДНК бил пронајден арсен, кој што го заменил фосфорот како нужен за поврзувањето на јаглерод и кислородот.
„Нашите резултати потсетуваат дека животот каков што го познаваме, може да биде пофлексибилен, од тоа што го замислувавме и претпоставувавме“, појаснуваат авторите на студијата. /крај/х/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Свет
Сторми Даниелс сведочи на судењето против Трамп
Поранешната порно-ѕвезда Сторми Даниелс сведочи во судот во Њујорк во кривичната постапка против поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.
На актерката (45), чие вистинско име е Стефани Клифорд, на крајот на претседателската кампања во 2016 година ѝ исплатиле 130.000 долари за да молчи за наводен сексуален однос со Доналд Трамп во 2006 година.
Станува збор за долгоочекуваната пресметка на поранешниот претседател на САД и порно-ѕвезда која тврди дека имале секс, јавија американските медиуми. Обвинителите велат дека Трамп ги прикрил информациите за исплата од 130.000 долари кои на Даниелс ѝ ги исплатил неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен пред претседателските избори во 2016 година.
Коен претходно изјави дека Трамп му наредил да и плати на Даниелс за таа да не зборува за сексуалниот однос со Трамп од 2006 година.
Свет
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.
„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.
Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји.
Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.
„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .
Рускиот лидер денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација во Големата палата Кремљ и официјално стана претседател на Русија.
Путин ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.