Македонија
Почнува модернизацијата на железницата од Коридорот 10
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе присуствува на означувањето на почеток на градежните работи за рехабилитација и модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10 во Република Македонија.
Настанот ќе се одржи во 13.30 часот, на железничката станица во Куманово.
Ова е дел од проектот на Влдата за модернизација на железницата што ја најави портпаролот Александар Ѓорѓиев во септември, а вклучува модернизација и ремонт на 56 километри железничка пруга, како и купување на 150 нови вагони и патнички композиции.
Целта на модернизацијата е зголемување на квалитетот на превозот на граѓаните, да се унапредат можностите за остварување на комуникација, и да се даде поддршка на бизнис заедницата во врска на транспортот на стоки.
Во текот на првата половина на ноември ќе се почне со градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10, Табановце- Куманово, во вкупна должина од 13,3 километри, за што се обезбедени четири милиони евра.
Со овој проект се предвидува до 2015 година да се изврши целосна модернизација на македонската железница./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

