Свет
Мексико со обвинение до СЗО дека бавно реагирала на епидемијата
Главниот епидемиолог на Мексико ја обвини Светската здравствена организација дека бавно реагирала на епидемијата, здравствената организација ги отфрла критиките
Директорот на мексиканскиот центар по епидемиологија изјави денеска дека Светската здравствена организација (СЗО) реагирала многу бавно на предупредувањата на неговата земја за постоење жариште на атипична пневмонија, која се претвори во епидемија од свински грип. Лекарот Мигел Анхел Лесана изјави дека на 16 април ја информирал Панамериканската здравствена организација за загрижувачки случаи на атипична пневмонија и грип во Мексико. Дејствија за тие случаи беа преземени едвај осум дена подоцна, кога СЗО објави дека е „многу загрижена“ од ширење на болеста, истакна Лесана. СЗО од своја страна ги отфрли критиките дека реагирала бавно на избувнувањето на вирусот А(h1n1), кој беше подоцна наречен „свински грип“.„Штом разбравме дека таа болест е предизвикана од нов вирус на грип, реагиравме брзо“, изјави портпаролот на СЗО Томас Ејбрамс. Организацијата исто така соопшти дека води внатрешна проверка на дејствијата во таа ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

