Македонија
Тодоров ќе ги образложи измените на законите за основно и средно образование
Министерството за образование и наука (МОН) и министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска ќе одржат прес конференција на која ќе бидат образложени измените на законите за основно и средно образование.
Министерството за образование и наука (МОН) и министерот за образование и наука Никола Тодоров денеска ќе одржат прес конференција на која ќе бидат образложени измените на законите за основно и средно образование. Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на министерството со почеток во. Министерот Никола Тодоров ќе присуствува на отварањето на Студентското радио (Палата Унија). /крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина: Бараме правда и поголема безбедност на улиците
СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина.
„Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите.
СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот.
Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност“, велат од опозициската партија.
Според СДСМ, Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците.
„Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност.
Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност“, потенцираат од СДСМ.
Македонија
Зголемени утрински температури низ целата држава, максималната денеска до 17 степени
Утрово најстудено било во Берово, Маврови Анови, Попова Шапка и Лазарополе каде биле измерени 0 степени, 2 било во Крушево, Битола, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Демир Капија, 3 во Штип, Кавадарци и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Гевгелија, Претор, Велес и Скопје-Петровец, 5 во Тетово, Охрид и Виница.
Наврнат воден талог во изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
4 Пожар – Радовиш, 3 Попова Шапка, 2 Крива Паланка, Струмица, Охрид, 1 Прилеп, Маврови Анови.
Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)
35 Попова Шапка, 16 Маврови Анови.
Времето денеска
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, намалена видливост на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост до 100 метри поради појава на магла има во Сарамзалино, Неготино и Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.