Македонија
Денот на независноста прославен и во Пустец
Со песни и ора денеска Македонците во Албанија го прославија 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Со песни и ора денеска Македонците во Албанија го прославија 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. Во присуство на премиерот Никола Груевски во селото Пустец на брегот на Преспанското езеро беше отворен и фолклорниот фестивал „Преспа 2010“ . На средбата со градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, и претставници на Македонците од цела Албанија, премиерот Груевски ја слушна пораката дека тие ја доживуваат Македонија како своја матична држава, но ги слушна и барањата за повеќе македонски државјанства и зголемување на бројот на студенти на Универзитетите во Македонија, како и помош при нивното лекување. „Нашата порака останува, нас Македонците не има не само во општина Пустец, туку и во областите Голо Брдо, Гора и во многу други градови. Крајно време е Република Албанија да признае дека постојат Македонци и во Голо Брдо, да имаат и тие право да учат на свој македонски јазик и да ги имаат сите права и слободи“ изјави Темелко. Премиерот Груевски обраќајќи се пред неколку стотина Македонци во Пустец рече дека Македонија секогаш кога е во можност ќе им биде од помош на Македонците. „Имајте предвид дека секогаш кога ќе процениме дека на било кој начин можеме да помогнеме, во владата на Република Македонија и во мене лично ќе имате соговорник кој ќе ве ислуша и пријател подготвен да одговори на вашите барања.Тоа го кажувам искрено и чесно, бидејќи обврска на секој политичар е да помогне на народот“ рече Груевски. Груевски порача дека Македонија и Албанија негуваат пријателски односи и дека добрата соработката меѓу двете земји во голем дел е благодарение на Македонците во Албанија и Албанците во Македонија.
Во рамки на својата посета на Пустец, Груевски ја посети и црквата Св „Архангел Михаил“ која е во изградба. /крај/ач/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

