Свет
Франција од март ја предава безбедноста на Авганистан
Француските единици во Авганистан ќе почнат со предавањето на обврските на локалните сили во март и ќе се насочат кон нивна обука до целосното повлекување од земјата во 2013 година, изјави во петокот францускиот претседател Николас Саркози.
Француските единици во Авганистан ќе почнат со предавањето на обврските на локалните сили во март и ќе се насочат кон нивна обука до целосното повлекување од земјата во 2013 година, изјави во петокот францускиот претседател Николас Саркози.
Францускиот претседател рече дека единиците ќе продолжат со обуката во сабота, по гарантирањето на безбедноста добиена од авганистанскиот претседател Хамид Карзаи кој е во посета на француската престолнина Париз. Саркози додаде дека Франција идниот месец на НАТО ќе му испрати план за предавање на сите странски борбени операции во Авганистан за идната 2013 година.
„Претседателот Карзаи ни гарантираше дека покраината Каписа, каде што е сместен францускиот контингент, ќе мине под авганистанска одговорност до март“, ја цитира Reuters изјавата на францускиот претседател Николас Саркози по средбата со неговиот авганистански колега Хамид Карзаи.
Саркози додава дека повлекувањето од покраината Каписа ќе и’ овозможи на Франција годинава да повлече уште илјада од своите 3.600 војници колку што се распоредени на авганистанска територија.
„Во 2011 година 400 француски војници се вратија дома. Во 2012 година ќе се вратат уште илјада“, изјавил пред новинарите претседателот на Франција..
По добиените гаранции за зајакнување на безбедноста на теренот, француските единици ќе продолжат со задачите за обука коишто беа запрени минатата седмица откако што одметнат авганистански војник уби четири француски војници.
Единиците на НАТО до крајот на 2014 година би требало да го напуштат Авганистан. Во тој контекст Саркози рекол дека неколку стотини стручњаци за воена обука ќе останат и по 2013 година, во рамките на договорот за соработка со властите во Кабул./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.
Свет
Орбан доби покана од Трамп да се приклучи на мировниот совет за Појасот Газа
Унгарскиот премиер Виктор Орбан добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во Советот за мир за Појасот Газа, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
„Премиерот доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Советот за мир за Појасот Газа. Според нас, оваа покана е признание за унгарскиот премиер, и тој, секако, ќе учествува во работата на тој совет. Премиерот ми наложи да ја информирам американската администрација“, изјави Сијарто, пренесе официјалниот портал на унгарскиот јавен сервис Hirado.hu.
Тој истакна дека мировните иницијативи на Трамп се високо ценети во светот и додаде: „Американскиот претседател претставува надеж за мировниот процес“.
Според Сијарто, Унгарија е заинтересирана за мир на Блискиот Исток, бидејќи безбедносната состојба во регионот има значително влијание врз Централна Европа.
Орбан веќе присуствуваше на церемонијата за потпишување на мировниот договор во Шарм ел Шеик, Египет, на 13 октомври. Советот за мир за Појасот Газа ќе биде задолжен за надгледување на втората фаза од планот за прекин на војната во палестинската енклава.

