Регион
Повеќе од 900 илјади Грци се без работа повеќе од година дена

Над 900 илјади Грци не можат да најдат работа повеќе од 12 месеци, а целосно отстранети од пазарот на трудот се уште 300 илјади луѓе, претежно млади луѓе, кои никогаш немале работа, покажуваат податоците на грчката статистичка служба за четвртиот квартал од минатата година, пренесуваат грчките медиуми.
Во периодот од октомври до декември 2014 година бројот на вработени изнесувал 3.535.274, а невработените биле 1.245.854 лица. Нивото на невработеност во четвртиот квартал изнесувало 26,1 отсто, во однос на 25,5 проценти во претходниот квартал. За споредба, во истиот период на 2013 година невработеноста во земјата била 27,8 отсто.
Процентот на невработени жени е 29,6 отсто, што е повеќе отколку кај мажите – 23,3 проценти. Најсериозен е проблемот меѓу младите во возрасната категорија меѓу 15 и 24 години – 51,5 отсто. Меѓу девојките процентот достигнува 56,9 проценти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.