Македонија
НСДП бара независно тело за проверка на професионалноста на полицијата

НСДП предлага старо-новата власт да ги почитува сугестиите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот за полицијата, но и да се формира независно тело за да се утврди професионалноста на полицијата.
НСДП предлага старо-новата власт да ги почитува сугестиите од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во делот за полицијата, но и да се формира независно тело составено од претставници на невладините организации и од Асоцијацијата на европската полиција за да се утврди професионалноста на македонската полиција.
„Во Македонија е небезбедно и опасно да се живее. Најмногу загрижува тоа што не се направија реформи во полицијата како што се барањата во Извештајот од ЕК“, рече претседателот на НСДП.
Тој смета дека добар дел од полицајците покажале дека не им е местото таму.
Во однос на предвремените парламентарни избори тој истакна дека е задоволен од постигнатато како дел од левата коалиција.
„Од тројца пратеници во претходниот собраниски состав, сега добивме четири мандати“, рече Петковски на денешната прес-конференција.
Според него СДСМ и коалицијата изборите ги изгубиле заради, како што рече, немилосрдниот Донтов метод.
„На овие избори преовладува опозициското расположение гледано низ призмата на бројки. Коалицијата на СДСМ доби 368.847 гласа, додека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 438.135 гласа. Иста е ситуацијата и во албанскиот политички блок“, заклучи Петковски. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар