Македонија
Вељановски: Европска Македонија е нашиот долг кон минатите и идните генерации
Во историјата на македонскиот народ и на сите граѓани на Македонија, во стремежот и борбата, три значајни датума секогаш ќе останат во историски спомен. Тоа се Илинден 1903, Илинден 1944 и 8 Септември 1991 г. кога на референдумот граѓаните се определија за самостојна и суверена Македонија
Ова го нагласи претседателот на Собранието, Трајко Вељановски во неговото вечерашно свечено излагање на Акедемијта по повод Денот на независноста 8. Септември одржана во Македонската опера и балет.Пред присутните, меѓу кои и Претедателот Ѓорге Иванов, министри, пратеници, како и претседателот на Македонската адакемија на науки и уметности, Георги Старделов, кој истот така имаше свое обраќање, Вељановски ја изрази благодарност до граѓаните на Република Македонија кои во едно турбулентно време на распаѓање на некогашната СФРЈ излегоа на референдум и со огромно мнозинство и ја потврдија идеата, стремежите и определбите на сите оние претходни генерации втемелени во двата Илиндена, а тоа е самостојна и независна Република Македонија како држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани. Тој потсети дека врз резултатите на Референдумот и врз успешното функционирање на државата и државните институции од страна на Бадинтеровата комисија Македонија доби препорака за нејзино меѓународно признавање. „Со осамостојувањето на Република Македонија започна реформа на општестено-економскиот систем. Повторно е вратена приватната сопственост, воведено е пазарното стопанство. Воспоставен е уставно-правен систем кој се темели врз човековите права и слободи и принципите на политичкиот плурализам како основа на парламентарната демократија. Создадено е солидно цивилно општество кое е темел врз интересите на граѓанинот, а кое денеска е значаен фактор во целокупното општествено живеење, а јас би рекол и вистински партнер, но и остар критичар на секоја власт“, рече Велјановски.Како што нагласи Вељановски, уште на самиот почеток од самостојноста на Република Македонија, е наметнат апсурдниот спор од нашиот јужен сосед со нашето уставно име, нашиот национален културен и јазичен идентитет.„Спротивно на сите меѓународни норми ни беше наметната референцата ФИРОМ како услов за прием во ОН и другите меѓународни институции. Референца која, како што велат многу наши пријатели од меѓународните институции, ја нарекуваат срамна пред се за самата меѓународна заедница. Врв на оваа апсурдност беше секако блокадата на Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО на Самитот во Букурешт иако ги исполнивме сите услови. А зарем не е деградирање на идејата за обединета Европа и за нејзините институциите кога имаме препорака за добивање на датум за започнување на преговорите, нашиот јужен сосед користејќи ја својата позиција едноставно со вето, го блокира овој став на сите други“, нагласи претседателот на Собранието. Тој додаде дека македонскиот народ секогаш успевал да го зачува својот национален идентитет, јазикот и самобитност., изразувајќу убеденост дека преговорите ќе резултираат со решение кое нема да задира во нашиот национален идентитет и ќе овозможи наша целосна интеграција во европското семејство. Како што рече Вељановски, Република Македонија по деветнаесет години е препознатлив субјект на меѓународната политичка сцена, од борбата против организираниот криминал, шверцот со наркотици, трговијата со луѓе, па се’ до активното учество на припадниците на нашата армија во мировните мисии во Авганистан, во Ирак, а посебно внимание посветуваме на односите во регионот создавајќи услови за остварување на неговата европска иднина.Првиот парламентарец потенцира дека Република Македонија како мултикултурно и мултиконфесионално општество создава услови во кои секој граѓанин без разлика дали тој е Македонец, Албанец, Ром, Турчин, Србин, Влав, Бошњак, Евреин или припаѓа на некоја друга етничка заедница, ќе ги ужива сите оние општи човекови права и слободи, а во исто време ќе може да го зачува, да го развива и манифестира својот етнички, културен или јазичен идентитет, на што обврзува Уставот на Република Македонија, како што рече Вељановски, „ поточно уставните амандмани преточени од Охридскиот рамковен договор, но исто толку не обврзуваат и европските стандарди“.„Неспорно е дека во изминатиот период се направени големи чекори во освојувањето на принципите на парламентарната демократија. Само да потсетам на позитивниот минатогодишен извештај на Европската комисија во кој посебно се истакнува улогата на Собранието, а токму во парламентот се практикува демократијата, а не на улица, порача меѓу другото Велјановски.Во однос на стратешките евроатлантски определби, тој истакна дека Република Македонија уште на Самитот на НАТО во Букурешт требаше да добие статус на полноправна членка и потсети дека од страна на Европската комисија лани добивме препорака за добивање на датум за започнување на преговорите со Европската Унија. „Ние денеска не сме членка на НАТО, немаме датум за преговори само заради еден апсурден спор наметнат од нашиот јужен сосед, а тоа е нашето уставно име. Спор кој според Резолуцијата на Обединетите нации не смееше да ги блокира нашите евроатлантски интегративни определби. На ниво на држава имаме политички консензус дека компромисното решение не смее да задира во националниот, културниот и јазичниот идентитет на македонскиот народ“, рече Вељановски.Според него, во последно време спорот со името, и самиот процес на преговори, стана алатка на некои политички субјекти за добивање на дневно-политички поени. „За жал, ваквите дневно-политички ставови не завршуваат само на домашната сцена, туку се префрлаат и во Брисел, односно на меѓународната сцена. Е па тогаш не’ изненадува кога нашите европски пријатели јавно не предупредуваат дека во Брисел се настапува едногласно и во корист на државата, а не за оваа или онаа политичка опција или партија“, беше нагласено во обраќањето Велјановски кој упати апел до сите политички субјекти, во остварувањето на нашите евроатлантски интеграции во процесот на преговорите за решавање на проблемот со името, да покажат многу повеќе единство. „Ние сите кои живееме овде сме дел од Европа на која, не само географски, туку цивилизациски припаѓаме и сме дале свој придонес во историскиот и културниот развој на Европа.Европска Македонија почитувани пријатели им ја должиме на нашите предци, но многу повеќе на идните генерации“, рече во обраќањето на свечената академија претседателот на Собранието Трајко Велјановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

