Свет
САД и Словенија потпишаа договор за размена на информации

Заменик на американскиот државен секретар, Џејмс Стајнберг и словенечкиот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар, во Вашингтон го потпишаа договорот за размена на информации и следење на тероризмот, објави агенцијата СТА. Овој договор го потпишуваат сите држави кои се дел од “Visa Waiver“ програмата, тој овозможува безвизен туристички или деловен престој во САД до 90 дена без виза. По потпишувањето на договорот Стајнберг истакна дека е задоволен од позитивниот развој на земјите во регионот. Притоа како што јавува СТА, Стајнберг го истакна влезот на Хрватска и Албанија во НАТО, како и приемот на Косово во Светската банка. Министерот Жбогар е дел од словенечката делегација која во вашингтон ја предводи премиерот Борут Пахор. Премиерот Пахор денеска ќе има средба со потпретседателот на САД, Џо Бајден во белата куќа, а предвиден е и кус разговор со претседателот Барак Обама. крај/ста/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кремљ: Во разговорите на Путин со Трамп не беше спомената привремената администрација во Украина

Претседателите на Русија и Америка, Владимир Путин и Доналд Трамп, во телефонскиот разговор не ја разгледале идејата за воведување привремена администрација во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Оваа тема не беше ни покрената во разговорот меѓу делегациите на Русија и САД во Саудиска Арабија, додаде тој.
„Тоа е гледиштето на претседателот на Русија, кое се заснова на неоспорни факти за вистинската состојба на работите во Украина во моментов“, изјави Песков за новинарите.
Рускиот лидер Владимир Путин за време на работната посета на регионот Мурманск изјави дека смета дека една од опциите да започне дискусија за воведување надворешна меѓународна администрација во Украина со цел одржување демократски избори.
Тој наведе дека во меѓународната практика веќе има примери кога „во рамките на мировните операции на ОН неколку пати е формирана надворешна администрација, или привремена администрација“.
Како пример, Путин ги наведе Источен Тимор, Папуа Нова Гвинеја и одредени делови од поранешна Југославија.
Тој исто така рече дека Москва наведува дека украинското раководство нема контрола над вооружените сили.
У
Свет
Се стравува дека има стотици мртви, огромна штета предизвикана во разорниот земјотрес во Мјанмар

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди Мјанмар, предизвика страв од стотина мртви, изјави член од спасувачкиот тим за Би-би-си.
„Бројот на загинати е исто така многу голем. Тоа е сè што можеме да кажеме во моментот бидејќи спасувачките напори сè уште се во тек“, рече тој.
Во Мјанмар непрекинато се слушаат сирените на амбулантните и на противпожарните возила.
Воената хунта, која управува со Мјанмар, претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот бил недалеку од Мандалеј, вториот по големина град во земјата, и дека луѓето треба да очекуваат нови потреси во следните шест часа.
Вонредна состојба е прогласена во регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, североисточниот дел на државата Шан, Баго и Најпидау.
Според очевидци, има многу урнати згради, вклучувајќи хотел, мост, училишта за стари лица и мниогубројни домови во Мандалеј, Сагаинг и во јужната држава Шан.
Автопатот Јангон – Мандалај исто така беше оштетен на некои делови, вклучително и мостови, а возила стоеја на патот.
Според Црвениот крст, во областа околу епицентарот нема струја и интернет, што ги отежнува нивните напори да се утврди точното ниво на штетата.
И пред овој разорен земјотрес, хуманитарната ситуација во Мјанмар беше страшна.
Регионот Сагаинг, недалеку од епицентарот, е нестабилно, клучно бојно поле во граѓанската војна.
Тоа е упориште на продемократските групи на отпорот, кои се борат за соборување на воената хунта, која ја презеде власта со државен удар на 1 февруари 2021 година. Се проценува дека повеќе од 3,5 милиони луѓе се раселени од своите домови поради граѓанската војна. Гладот достигна алармантно ниво.
Пред земјотресот ОН предупредија дека на речиси 20 милиони луѓе, една третина од населението, ќе им биде потребна помош. Сега ситуацијата е многу полоша.
Според истражувањето на Би-би-си, многубројни групи го контролираат Сагаинг и другите делови на Мјанмар, што би можело да ги направи спасувачките напори проблематични.
Истрагата откри дека воената хунта моментно има целосна контрола врз помалку од четвртина од земјата.
По преземањето на власта со државен удар, војската на Мјанмар исто така ја изолира земјата од надворешниот свет.
Независните медиуми се ефективно забранети, а активностите на меѓународните хуманитарни групи се ограничени. Намалувањето на американската странска помош сериозно го погоди и Мјанмар.
Земјотресот е почувствуван и во Бангкок, главниот град на Тајланд, каде што исто така е причинета голема материјална штета.
Таму се урна зграда во изградба, а во урнатините останаа заробени 70 работници.
Во објава на „Фејсбук“, Националниот институт за итна медицина на Тајланд соопшти дека во моментот на уривањето во зградата имало 320 работници, а 20 од нив останале заробени во лифтовите.
Бројот на загинатите не е познат, а на местото на настанот е поставена теренска болница додека спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани.
Регион
Пукање во Сплит: напаѓач влетал во банка и зел работник како заложник

„Слободна Далмација“ пренесува дека денеска нешто пред 12 часот во Сплит се случил обид за грабеж во банка спроти зградата на општинскиот суд.
Очевидци пријавиле дека разбојникот наводно го зел како заложник обезбедувачот и се обидел да побегне, но полицијата бргу пристигнала на местото на нападот и дошло до престрелка.
Млад човек загинал во вкрстен оган со полицијата, а според првите информации на тамошните медиуми, младиот човек пукал во полицајка, која возвратила по обидот да ограби банка.
Првите информации велат дека разбојникот е убиен, но сѐ уште нема официјална потврда на оваа информација од сплитската полиција.
Според написите, на местото на обидот за грабеж на банката први пристигнале две полицајки и разбојникот почнал да пука.
Тие се обиделе да го предупредат пукајќи од службените пиштоли во воздух, но тој не обрнал внимание, па пукале и го убиле.
„Го напуштив теренот и наеднаш слушнав викање и истрели. Бев страшно исплашен, не знаев што се случува, па истрчав да се скријам“, изјави еден од сведоците.
Полицијата го опколи поширокото место на злосторството, а сообраќајот во една од главните улици во центарот на Сплит беше блокиран од 12.30 часот.
Зградата на банката е оддалечена само 10 метри од општинските и окружните судови и 30-ина метри од зградата на сплитско-далматинската полиција.
Полицијата најави дека набргу ќе објави информација за настанот.
Според очевидци, разбојникот наводно зел заложник еден обезбедувач и се обидел да побегне, но полицијата пристигнала многу бргу и дошло до престрелка, пишува „Слободна Далмација“.