Македонија
Културата се помалку застапена во новинарството
Новинарите кои ја третираат културата во регионот ги има се помалку, најверојатно поради недостатокот на поддршка од државните институции и медиумските корпорации, заклучија соговорниците на регионалната конференција „Балкан, медиуми и култура – Време за промени“.
Новинарите кои ја третираат културата во регионот ги има се помалку, најверојатно поради недостатокот на поддршка од државните институции и медиумските корпорации, заклучија соговорниците на регионалната конференција „Балкан, медиуми и култура – Време за промени“. Според Пиро Миша, издавач од Албанија, иако постои голема заинтересираност од индивидуалците новинари за инволвирање во проекти од областа на културата, сепак постои недостаток на застапеноста на оваа дејност во медиумите. „Понекогаш властите се повеќе загрижени за одржувањето на етничката линија или балансот на етничките заедници во културните проекти, отколку промовирање и реализирање на интересни и свежи идеи во културата,“ вели Нихад Крешевљаковиќ од Интернационалниот театарски фестивал „MESS“, Сараево. Конференцијата е воведен настан од БИЦЦЕД проектот и има за цел да изгради мрежа од новинари и културни организации од регионот, како и да се фокусира на заедничките прашања за културната политика со цел да се досегне до пошироката јавност и креаторите на политики и за да се придонесе за промена и развој на културните политики и на локално и на регионално ниво. Како дел од ваквиот проект, секоја година ќе бидат избирани десет новинари кои ќе имаат обука и ќе учествуваат во пишувањето на написи за културната политика, кои потоа ќе бидат објавени на веб сајтот на „Балканска иницијатива за културна соработка, размена и развој“ – БИЦЦЕД, и преведени на сите јазици во регионот, како и презентирани во 90 медиуми низ Балканот. Проектот е финансиран од Швајцарската културна програма за Западен Балкан./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.