Македонија
Нови партиски препукувања за приватизацијата на Телеком

Деновиве повторно се актуелизира приватизацијата на македонскиот Телеком која што сериозно претендира да стане една од најкриминалните и најштетните приватизации во Македонија, изјави во четвртокот Јани Макрадули од СДСМ.
Деновиве повторно се актуелизира приватизацијата на македонскиот Телеком која што сериозно претендира да стане една од најкриминалните и најштетните приватизации во Македонија, изјави во четвртокот Јани Макрадули од СДСМ.
„Иако се навршуваат скоро десет години од овој штетен договор, се уште сме сведоци на последиците“, рече Макрадули на денешната прес – конференција Според него во сомнителната приватизација на Телеком, биле вмешани истакнати владини функционери на ВМРО-ДПМНЕ, преку фирмата „Аналитико АИ“. Оваа тема деновиве ја отвори и угледниот лондонски неделник „Економист“ кој јасно ги наведува сомнителните трансакции кои се констатирани од реномирана американска консултантската фирма, рече Макрадули.
„Констатираните неправилности имаат име и презиме, тоа е партиската фирма “Аналитико АИ“, во која до 2007-ма година, беше вработен врвот на преродбеничкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ: Мартин Протоѓер, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Оливер Шамбевски, Ленче Самарџиска, Елизабета Канческа Милеска, Александар Бичиклиски и Ален Зекиров“, рече Макрадули.
Тој прашува дали посочената компанијата добила бенефиции од самата продажба на телекомот во 2001-ва и колку од тоа заработиле поединци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Каква е целта во угледниот „Економист“ да се плаќаат скапи реклами за инвестиции, кои патем никогаш не се случија, за потоа да добиеме бесплатна реклама за криминалот и нетранспарентноста на Груевски и Фамилијата“, рече Макрадули.
Експресна реакција уследи од ВМРО-ДПМНЕ, чиј портпарол Александар Бичиклиски пресот на СДСМ го окарактеризира како груба конструкција за обид за прикривање на фактот дека, постои основан сомнеж дека во времето на СДСМ биле испумпани поголеми средства од Македонски Телеком, на нејзини ќерки фирми и други фирми во странство.
Според Бичиклиски, ниту Аналитико, ниту луѓето кои беа спомнати од страна на Макрадули, не биле спомнати ниту директно, ниту индиректно во ниту една точка од текстовите на кои се повикува Јани Макрадули.
„Место груби лаги, Јани Макрадули треба да даде одговор, кои луѓе од СДСМ учествувале во сомнителните активности посочени од страна на ревизорите?Дали можеби токму тој и негови блиски пријатели се причина за постоењето на овие текстови?“, запраша Бичиклиски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јавен обвинител бил во „Макпрогрес“ ама увидот не е почнат, пожарот уште тлее

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Кочани бил во фабриката „Макпрогрес“ но, како што информира Државното јавно обвинителство, увидот се уште не е почнат бидејќи пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата.
– Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.
Пожарот во фабриката за кондиторски производи и вафли избувна вчеравечер околу 18 часот при што беа опожарени магацински и производствени погони. Покрај пожарникарите од Виница, во гаснењето беа вклучени и пожарникари од неколку соседни општини.
Сите се во стабилан здравствена состојба. На осум лица, вработени во фабриката, им била укажана лекарска помош во Клиниката за токсикологија во Скопје. Четворица од пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, биле примени во Општата болница во Кочани, а една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип.
Македонија
Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер трактора“ и еден полициски хеликоптер.
– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Македонија
Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница. Сите хоспитализирани се во стабилна здравствена состојба, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Осум лица, вработени во фабриката, биле на Клиниката за токсикологија во Скопје, една пожарникарка била хоспитализирана во Клиничката болница во Штип, а четворица пожарникари во Општата болница во Кочани.
Во гаснење на пожарот во Виница, покрај пожарникари од виничката Територијална противпожарна единица, вчера биле вклучени и пожарни единици од соседните општини.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12 часот денеска, пожарот во фабриката е ставен под контрола.