Македонија
Поедноставено упатувањето на пациентите кај специјалист
Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) го олесни начинот на упатување на осигурениците кај специјалист – субспецијалист.
Од Фондот информираат дека во случај кога пациентот ќе биде примен како итен случај, повеќе нема да има потреба да се грижи за административните работи, бидејќи здравствениот систем во негово име ќе ги заврши сите неопходни административни процедури.
Така, осигуреникот кој е примен како итен случај со упат од итната медицинска помош или од дежурна служба, повеќе нема потреба да оди кај матичниот лекар за упат, бидејќи специјалистот ќе креира специјалистички/субспецијалистички упат, кој ќе го потврди со свој потпис и факсимил.
Доколку специјалистот изврши само амбулантски преглед и нема потреба од болничко лекување, тогаш здравствената установа ќе ги фактурира здравствените услуги до Фондот, со упатот издаден од специјалистот/субспецијалистот.
Во случај кога при прегледот ќе се утврдат индикации за болничко лекување, тогаш болничкиот упат ќе го креира специјалистот, а доколку смета дека пациентот треба да биде испратен на понатамошни испитувања тогаш ќе даде интерспецијалистички упат, упат за радиодијагостика или упат за биохемиски лабораториски испитувања.
Со новиот начин на упатување, специјалист/субспецијалист за секој контролен преглед ќе издава специјалистички/субспецијалистички упат. Со тоа повеќе нема потреба за сите следни контролни периодични прегледи да се препраќа осигуреното лице кај матичниот лекар.
ФЗОМ соопштува дека досега овие контролни прегледи непотребно се закажуваа преку „Мој термин” како нов преглед, со што се пролонгираше времето за чекање за контролен преглед.
Важноста на специјалистичкиот/субспецијалистичкиот упат сега е една година, наместо како досега еден месец. Ова е големо олеснување за осигурениците со хронични заболувања кои се лекуваат амбулантски и нема веќе потреба секој месец да обезбедат упат од матичниот лекар. Такви заболувања се хемодијализа, вежби на вид, слух, говор и глас, хемотерапија и радиотерапија во дневна болница. Пружените здравствени услуги се фактурираат секој месец до Фондот со копија од првично издадениот упат.
По завршување на лекувањето, во рок од пет дена, пациентот треба да ја однесе цеокупната документација за лекувањето кај својот матичен лекар.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

