Свет
Путин и Медведев заедно на излет на Волга
Рускиот претседатели Дмитриј Медведев и премиерот на Руската Федерација Владимир Путин, се дружеа ловејќи риба и нуркајќи во водите на реката Волга, неколку месеци пред претседателските избори коишто ќе се одржат во 2012 година, што го предизвика вниманието на западните медиуми
Снимките коишто во средата ги објави државната руска телевизија од заедничкиот излет на двајцата руски лидери можни претседателски кандидати на изборите што треба да се одржат идниот март, според западните медиуми како да сакаат да покажат дека меѓу претседателот на Русија Дмитриј Медведев и неговиот претходник сега премиер Владимир Путин, нема несогласувања и ривалитет.На интернет страниците на претседателскиот кабинет во Кремљ, се објавени фотографии на кои Медведев и Путин стојат на палубата од брод во светла облека, со исти очила и со јадици во рацете.Државната телевизија објави и кадри од двајцата во нуркачки костуми, додека во вторникот престојуваа на кус одмор во Астрахан, нуркајќи во водите на Волга. Медеведев и Путин „го запознаа подводниот свет на Волга и го фотографираа со специјална опрема“, се додава во соопштението на Кремљ.Медведев и Путин се’ уште не објавија кој од нив двајцата ќе се кандидира од заедничката партија Единствена Русија иако повеќепати годиниве изјавуваа дека за тоа ќе се договорат, па медиумите честопати пишуваат за наводни тензии меѓу претседателот и премиерот, кои исто така постојано ги демантираат овие шпекулации. Забележливо е дека претседателот Медведев во последно време во јавноста индиректно се претставува како реформатор и модернизатор, внимателно ескивирајќи какво и да е критикување на работата на Путин.Путин инаку е политичкиот ментор на Медведев и тој што го избра за свој наследник откако уставните одредби го спречија да се кандидира и за трет претседателски мандат.Аналитичарите сметаат дека во евентуален директен судир, Медведев би бил поразен, бидејќи нема формална изборна база, додека Путин и натаму останува најпопуларниот руски политичар и е лидер на владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА
Свет
„Нашите црвени линии не се тема за расправа“ – порака на данската премиерка од Брисел
Данската премиерка Мете Фредериксен пристигна на вонредниот самит на Европска унија.
На почетокот им се заблагодари на другите земји членки за поддршката.
„Кога Европа не е поделена, кога стоиме заедно, јасно и силно, вклучително и со подготвеност да застанеме во одбрана на самите себе, резултатите се видливи“, изјави таа.
Истакна дека Данска сака да најде решение и дека побарала посилна вклученост на НАТО во арктичкиот регион, додавајќи дека сите во НАТО се согласуваат со тоa.
„Потоа, на потрадиционален политички и дипломатски начин ќе разговараме со Соединети Американски Држави за билатералниот однос меѓу Кралството Данска и САД“, рече таа.
Притоа повтори дека Данска има свои црвени линии.
„Ние сме суверена држава и за тоа не можеме да преговараме“, порача таа, додавајќи дека Данска е отворена за разговори за зајакнување на соработката во арктичкиот регион.
„Секако дека сме подготвени да соработуваме со САД, како што отсекогаш сме правеле кога станува збор за безбедноста, но нашите црвени линии, кои воедно се и нашите демократски правила, не можат да бидат предмет на расправа“, нагласи Фредериксен.
На прашањето дали и понатаму ѝ верува на американската администрација, таа накратко застaна и дипломатски одговори: „Соединетите Американски Држави се наш близок партнер веќе многу години, но мора да соработуваме врз основа на меѓусебно почитување, без закани. Затоа, секако, се надевам дека ќе најдеме политичко решение во рамките на демократијата.“
Во речиси секој одговор таа повторно ги нагласи данските црвени линии поврзани со суверенитетот.

