Економија
Кинескиот раст ќе забави на 8,2 отсто годинава
Кинескиот Економски раст во 2012 година ќе забави на 8,2 отсто, поради слабеењето на домашната потрошувачка и странската побарувачка, по што во 2013 година би требало да следи заздравување, соопшти во четвртокот Светската банка.
Со најновите податоци Светската банка ги намали своите претходни прогнози за кинеското стопанство, според коишто годинава очекуваше раст на втората според обемот светска економија за 8,4 отсто.
„Предизвикот на политиката во кусорочната перспектива е да се одржи преку благо забавување на активностите. И покрај тоа што и натаму остануваат големи изгледи за благо забавување на економските активности, постои загриженост од пребрзо забавување“, се наведува во новиoт квартален извештај на Светската банка за кинeската економија, пренесува AFP.
Во 2013 година, Светската банка прогнозира за Кина стапка од раст од 8,6 отсто.
Кинескиот економски раст минатата година забави на 9,2 отсто, од 10.4 отсто во 2010 година, како последица од забавувањето на глобалниот раст и мерките коишто владата во Пекинг ги воведе за да ја ублажи инфлацијата.
„Постапното забавување на кинеската економија би требало да продолжи годинава, имајќи го предвид благото забавување на растот на потрошувачката, поизразеното забавување на инвестициите и продолжувањето ан слабеењето на надворешната побарувачка“, вели Ардо Хансон, главниот економист на Светската банка задолжен за Кина.
Дополнително, во Светската банка прогнозираат пад на стапката на инфлацијата во Кина на 3,2 отсто за 2012 година, што е пониско од однос на целеното ниво од околу 4 отсто колку што планираше кинеската влада.
Прогнозите на Светската банката се објавени пред официјалниот извештај за БДП-то на Кина во првиот квартал од годинава, коишто во петок ќе ги објави Пекинг, а којшто како што се очекува би требало да укаже на благото забавување на растот во однос на првиот квартал од минатата година./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

