Економија
Минчо Јорданов отвора винарија
Инвестицијата на Јорданов во винаријата „Стоби“ изнесува 20 милиони евра
Винаријата се отвара вечерва, а е лоцирана во Градско.
Производството на винаријата исклучиво се базира на грозје од сопствените лозови насади, по најсовремени стандарди пропишани од Европската Унија, како и органска заштита на грозјето и постојана строга контрола од страна врвните македонски енолози.Во винаријата „Стоби“ воедно се вградени најновите технолошки достигнувања во винопроизводството каде со дополнителните енолошки иновации ќе се креираат вина со уникатен карактер и вкус.Вкупната досегашна инвестиција за остварување на полниот циклус на производството во винаријата изнесува над 20 милиони евра за капацитет од 4,4 милиони литри. Со самото тоа винаријата има најголема инвестиција по литар (2,2 евра по литар).Винаријата поседува сопствени лозови насади од 600 хектари.Јорданов во јавноста важи за еден од најбогатите Македонци.Само неговиот капиталот во „Макстил“ се проценува на најмалку на 30-ина милиони евра. Мнозински акционер во „Макстил“ е швајцарската компанија „Дуферко скоп инвестмент лимитед“. Неофицијално, нашите медиуми во неколку наврати тврдеа дека на Јорданов му припаѓа најмалку половина од учеството на швајцарската компанија во „Макстил“. Тој никогаш не го демантирал ова. Јорданов поседува и дел од градежната компанија „Бетон“ и акции во „Факом“, РЖ „Интер трансшпед“, РЖ „Економика“, РЖ КПОР… Ја поседува и клиниката „Ремедика“, а неодамна инвестираше и во земјоделството и сточарството. Купувајќи го земјоделскиот комбинат „Вардар“ од Градско, стана газда на 5.592 хектари земјиште, лозови насади, овоштарници, оранжерии и на над 3.000 грла овци. Поседува пасишта и во Малореканскиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

