Свет
Стотици илјади приврзаници на митингот на кандидатот на опозицијата во Венецуела
Стотини илјади приврзаници на венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприљес се собраа во неделата навечер во центарот на главниот град Каракас на големиот митинг, една седмица пред претседателските избори со сегашниот левичарски претседател Уго Чавез.
Со повиците „Пријателу Чавез, ти преостанува само уште една седмица“, опозицискиот кандидат Енрике Каприљес во комбе дефилираше долж авенијата и го поздравуваше насобраните приврзаници.
Каприљес рече дека станува збор без секакво сомнение за најголем собир во историјата на Каракас и ги повика сите Венецуелци да ги оценат резултатите од годините во кои на власт е Уго Чавез и да се определат за промени.
Според последните испитувања на јавното мнение за претседателските избори на 7-ми октомври, актуелниот претседател Уго Чавез е во предност со повеќе о д49 отсто од гласовите, додека за Енрике Каприљес би гласале 39 отсто, близу 12 проценти од испитаниците се неодлучни.
Опозицијата во Венецуела на предизборите во февруари годинава го избра 40-годишен адвокат Енрике Каприљес за свој единствен кандидат кој ќе се соочи со актуелниот претседател Уго Чавез.
Енрике Капиљес, гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, доби 62,2 отсто од гласовите во однос на неговиот главен противкандидат Пабло Перез за кого гласаа 29 отсто од поддржувачите на венецуелската опозиција.
На предизборите што ги организираше опозицијата учествувале малку помалку од три милиони гласачи, или 16 отсто од вкупното избирачко тело во Венецуела, додека аналитичарите претходно сметаа дека и одѕив од 10 отсто би претставувал значаен успех за опозицијата.
Првпат венецуелската опозиција, којашто инаку традиционално е меѓусебно непомирлива, организираше предизбори за избор на свој претседателски кандидат.
„Не е време на десницата или на левицата, времето е за сите Венецуелци“, изјавил Каприљес во својот говор по изборот за претседателски кандидат ветувајќи дека „ќе ја обедини земјата“.
Големиот фаворит на претседателските избори во Венецуела, Чавез изјави дека нему му е сеедно дали ќе се соочи со еден или со повеќе противници додавајќи дека тој има намера да остане на власт до 2031 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

