Македонија
Македонија во четвртиот шешир за Еуро 2012 жрепката
Македонската фудбалска репрезентација е во четвртиот шешир за ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Полска и Украина во 2012 година
Македонската фудбалска репрезентација е во четвртиот шешир за ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Полска и Украина во 2012 година.Покрај Македонија во четвртиот шешир се и репрезентациите на Словенија, Латвија, Унгарија, Литванија, Белорусија, Белгија, Велс и Кипар.
Во првиот шешир се наоѓаат репрезентациите: Шпанија која е носител на групата, Германија, Холандија, Италија, Англија, Хрватска, Португалија, Франција и Русија.
Во вториот шешир се: Грција, Чешка, Шведска, Швајцарија, Србија,Турција, Данска, Словачка и Романија.
Во третиот шешир се: Израел, Бугарија, Финска, Норвешка, Република Ирска, Шкотска, Северна Ирска, Австрија и Босна и Херцеговина.
Во петтиот шешир се: Црна Гора, Албанија, Естонија, Грузија, Молдавија, Исланд, Ерменија, Казакстан и Лихтенштајн.
Во шестиот шешир се: Азербејџан, Луксембург, Малта, Фарски острови, Андора и Сан Марино.
Жрепката за одредување на групите за квалификации на Европското првенство во 2012 година ќе се одржи на 7 февруари 2010 во Варшава, а квалификационите натпревари ќе започнат на 3 и 4 септември 2010 година./крај/еуро/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.
Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот пат) Р1102.
Активни забрани за тешките товарни возила:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Гостивар – Стража – Кичево
· Пресека
· Плетвар
· Ѓавато
· Струга – г.п. Ќафасан
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
· Струмица – Берово
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Скопје
Без вода дел од Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на улицата Партениј Зографски бр 23, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.