Македонија
Изучувањето на македонскиот јазик, преоптовареност или не?
Дали изучувањето на македонскиот јазик за албанските ученици претставува преоптовареност или не, беше темата на која група професори и експерти дебатираа денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.
Дали изучувањето на македонскиот јазик за албанските ученици претставува преоптовареност или не, беше темата на која група професори и експерти дебатираа денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.
Изучувањето на македонскиот јазик кај немакедонските етникуми според проф. д-р Димитар Митев професор по лингвистика не претставува преоптовареност за учениците.
„Во прво одделение може да се совладуваат и два и повеќе јазици. Некои соодветни образованија во 19-от век вклучувале дури четири или пет јазика од почеток. Тогаш зошто да не може и денес кога е 21 век и кога методиката на учење јазици е толку развиена“, вели професорот Митев.
Професорот Бранислав Саркањац исто така смета дека изучувањето на повеќе јазици е нужност.
„Учењето на повеќе јазици е добро и тоа треба да се почне уште од најмала возраст. Пред се затоа што ние живееме во свет каде што се зборуваат многу јазици. Светските искуства покажуваат дека учењето на два јазици има позитивни страни“, рече Саркањац.
Според професорот по педагогија Фатби Османи кој исто така беше учесник на дебатата вакви дебати на кои ќе се дискутира за изучувањето на македонскиот јазик во албанските одделенија требало да се дискутира од поодамна, затоа што истите ќе биле поуспешни и ќе вроделе со плод.
Според него не треба да се поставува прашањето дали треба да се изучува македонскиот јазик или не, туку кога е најдобро да се почне со изучување. Тој изрази согласност дека изучувањето на јазикот е општо богатство, но како што рече, кај албанската популација и другите етникуми покрај албанскиот јазик се изучува и англискиот јазик, за кој и нема некои перфектни резултати покажани со неговото изучување од прво одделение.
„Оваа иницијатива претставува воведување на трет јазик, затоа според мое мислење и англискиот јазик од прво одделение е промаршена работа. Според психофизичките способности на учениците сметам дека македонскиот јазик треба да се изучува од второ одделение, додека англискиот јазик од трето одделение“, истакна Османи.
Министерот за образование и наука Никола Тодоров рече дека оваа дебата е првата сесија од дебатите кои што ќе се организираат. Тој најави дека следната ќе се одржи на Државниот универзитет во Тетово и ќе биде на темата „Уставност“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

