Македонија
Три кандидата за претседател на Велешкиот суд
Јордан Лазаров, Лидија Димова и Билјана Јачева, сите судии во граѓанскиот оддел, се новите кандидати за избор на претседател на Основниот суд во Велес
Судијата Лазаров пред четири години ја извршуваше функцијата, па сега по вторпат влегува во изборот, останатите две судики Димова и Јачева тоа го прават за првпат.Изборот на велешкиот прв судија ќе треба да се случи за седум дена. Тогаш се очекува одлуката на Републичкиот судски совет. Дотогаш со судот во Велес раководи судијката Виолета Мојсова.Ова е втор конкурс за претседател на основниот суд во Велес. Првиот пропадна, минатиот месец, откако двајцата кандидати, судиите Јордан Лазаров и Шефшет Адеми, не добија доволен број на гласови од Републичкиот судски совет. На повторениот конкурс документи не поднел актуелниот претседател Шефшет Адеми, судија во кривичното одделение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

