Свет
Пет милиони луѓе за два дена му оддале почит на Ким Јинг-Ил
Севернокорејсакта државна новинска агенција KCNA во средата објави дека пет милиони жители на главниот град Пјонгјанг му оддале почит на нивниот покоен комунистички водач Ким Јонг-Ил само 24 часа откако беше објавена неговата смрт.
Севернокорејсакта државна новинска агенција KCNA во средата објави дека пет милиони жители на главниот град Пјонгјанг му оддале почит на нивниот покоен комунистички водач Ким Јонг-Ил само 24 часа откако беше објавена неговата смрт.„Меѓу 19-ти декември на пладне кога тажната вест за смртта на Ким Јонг-Ил беше објавена, и следниот ден на пладне, вкупно повеќе од пет милиони граѓани на Пјонгјанг му оддадоа последен поздрав на покојниот водач пред неговите статуи и портрети“, објави KCNA, пренесува AFP.Според оваа бројка, значи дека повеќе од петтина од вкупното население на Северна Кореја, чие население се проценува на 24 милиони, му оддале почест на Ким Јонг-Ил, само во престолнината несметајќи го остатокот од земјата. Официјалната новинска агенција на оваа комунистичка земја пишува за „бескрајни редови“ од граѓани во облека со којашто ја изразуваат тагата, како и за масовни собирање на разни места во Пјонгјанг, додавајќи дека на едно од нив во вторникот наутро имало „повеќе од 800 илјади луѓе“.„Луѓето се скршени од болка, некои паѓаа во бесознание“, се додава во цитираната информација на KCNA.Водачот на Северна Кореја од 1994 година кога почина неговиот татко втемелувачот на комунистичкиот режим, Ким Ил-Сунг, Ким Ил-Јонг почина во саботата од инфаркт удар додека се возел во воз, тврдат официјалните медиуми.Смртта на водачот беше криена во тајност два дена, а беше објавена во понеделникот наутро со најавата на расплаканата водителка на севернокорејската државна телевизија. Властите одредија период на жалост од 13 дена а закопот на Јонг-Ил е закажан за 28-ми декември./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хрватска нема да ја купи српската нафтена компанија НИС
Хрватска нема намера да се стекнува со средства на српската нафтена компанија НИС, изјави вчера за новинарите претседателот на земјата, Зоран Милановиќ.
„Хрватска има поитни проблеми поврзани со енергетската компанија ИНА, а кој и да ја купи НИС… сигурно нема да биде Хрватска“, ја цитираше неговата изјава хрватската телевизија ХРТ.
Претходно, хрватскиот министер за економија Анте Шушњар изјави дека Загреб е подготвен да влезе во сопственичката структура на компанијата НИС доколку тоа ги реши нејзините проблеми. Според него, тоа би било во интерес и на Хрватска и на Србија.
Претходно во вторникoт, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека српската рафинерија за нафта НИС (дел од Газпром Нефт) се префрлила на режим на намалена циркулација поради недостиг на нафта како резултат на санкциите на САД.
Како што е објавено, НИС, која е подружница на Газпром Нефт, беше вклучена на списокот со санкции на САД на почетокот на 2025 година. Во врска со ова, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека САД бараат целосно повлекување на рускиот капитал од таму .
Тој потсети дека во 2008 година српската влада ја префрлила контролата врз НИС на „Газпром Нефт“ и дека во последните години компанијата придонела за добивање значителни приходи во српскиот буџет, како и за развој на многу проекти.
Моментално, главни ко-сопственици на НИС се „Газпром Нефт“ (44,85%) и властите на Србија (29,87%).
Свет
Извори: Мировниот план на Трамп се базираше на документ што му го испратија Русите
Додека дискусиите за мировниот план на САД од 28 точки се интензивираат, три извори открија за Ројтерс дополнителни детали за тоа како е создаден планот.
Според изворите, планот се базира на документ изготвен од Русија и доставен од Москва до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври.
Изворите велат дека Русија го споделила документот, во кој се наведени условите на Москва за завршување на војната, со високи американски претставници по состанокот меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Вашингтон.
Документот, според извештајот, исто така содржел наратив што руската влада претходно го презентирала на преговарачката маса, вклучувајќи отстапки што Украина ги отфрлила, како што се територијата, безбедносните гаранции и големината на нејзината армија.
фото: принтскрин
Свет
Макрон: Нема да има ограничувања за украинската армија
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на силна украинска армија и без ограничувања за вооружените сили на земјата, која е разорена од војна , објави АФП.
Најновиот план поддржан од САД за ставање крај на конфликтот ќе ѝ овозможи на Украина да одржува армија од до 800.000 војници, покажуваат најновите договори од преговорите.
Новиот план ќе биде значително подобар за Киев , изјави за АФП висок украински функционер.
Во меѓувреме, европските сојузници на Украина, вклучувајќи ја и Франција, постојано се залагаат за поповолни услови за Киев, како и за вклучување на Европа во мировниот процес.
Првичниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп предвидуваше украинската армија да биде ограничена на 600.000 војници .
Покрај тоа, францускиот лидер изрази скептицизам во врска со подготвеноста на Москва да се согласи на прекин на огнот, што додаде неизвесност околу реакцијата на Кремљ на ревидираниот мировен план.

