Свет
Пронајдено уште 21 тело од Еарбасот

Бразилските поморски власти синоќа пронашле уште 21 тело од паднатиот Еарбас А330 на француската авиокомпанија во водите на Атлантскиот океан. Со тоа бројката на пронајдени тела засега е 44.
Инаку, бразилските воздухопловни власт и морнарицата го пребаруваат теренот од 1.100 километри северно од бразилскиот брег каде што е утврдено дека се срушил авионот на 1 јуни со 228 патници и членови на екипажот, јавува Ројтерс.Истражувачкиот тим наведува дека Аеарбасот регистрирал недоследни информации при отчитувањето на брзината токму пред да изгуби контакт со контролното тело.Во една од пораките која е објавена во транскрипциите од разговорот помеѓу политото и контролорот на летање се содржи информации за тоа како авионот има проблем со одржување на правецот на кормилото. Се работи за механизмот кој се наоѓа на задниот дел на опашката, а со кој се ограничува до која граница ќе може да се поместува кормилото, објавува АП. Тоа упатува на проблеми во командната површина со која се движи авионот, кој деновиве беше изваден од океанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тетоважата го издаде шефот на албанската мафија, па полицијата го уапси

Уапсен е шеф на албанската мафија. Тој бил препознаен додека седел на барска маса благодарение на тетоважата на десната подлактица на која имашл полугола жена. Токму овој детаљ ѝ овозможи на полицијата дефинитивно да го идентификува.
Луша треба да отслужи десетгодишна затворска казна за водење на италијанско-албанска криминална организација специјализирана за проституција, главно од Албанија.
Во обид да избегне апсење, 52-годишникот дури и го променил своето име во официјалните документи, вклучително и во пасошот.
Сепак, овој трик не беше доволен. Долгорочната истрага и внимателната анализа на деталите им овозможија на органите за спроведување на законот да го решат случајот и да го уапсат по 19 години.
Свет
Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Руската Федерална медицинска биолошка агенција (ФМБА).
– Кон крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за добивање лиценца за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме лиценца, рече Скворцова.
Како што истакна таа, студиите ја потврдиле безбедноста на вакцината, вклучително и можноста за повеќекратна употреба, како и нејзината висока ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.
– Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од малигните тумори на мозокот, како и посебни видови меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Ова е многу тешка и брзонапредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни, нагласи Скворцова.
Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.
Европа
По протестот за железничката несреќа во Атина се фрлаа молотови коктели

Непознати лица фрлале молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите.
Инцидентите се случиле на само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употребила солзавец.
Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнаа маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец.