Контакт

Регион

Насилството на протестите стивна, побарана техничка влада во Тирана

Објавено пред

По цели три часа големи протести на опозицијата во Тирана, насилствата стивнаа, а народот се разотиде, оставајќи зад себе целосно уништен влез на бункерот – музеј кој е во близина на Владата, но и искршени прозори на владиниот објект. 

dobivaj vesti na viber

Од судирите на полицијата и демонстрантите на десницата нема некои поголеми последици.

Претседателот на демократската партија Љуљзим Баша во својот говор пред повеќе илјади приврзаници на опозицијата рече дека социјалистите ја носат земјата во пропаст и дека неопходно е за да се спаси Албанија со формирање на техничка влада и предвремени избори.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во својата прва реакција по протестите на опозицијата во Тирана истакна дека опозицијата на протестите само покажала дека има вандалски начин на протести. Тој додаде дека не се одбележува 25 годишнината од ослободувањето од диктаторскиот систем на Енвер Хоџа, со вандалски протести.

8 декември во Албанија е ден на младите поради соборувањето на системот на Хоџа, а владејачката Социјалистичка партија организираше по повод овој ден средба со партиите и амбасадорите на која стана збор за потребите од целосно интегрирање на земјата во ЕУ./крај/мф/мн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Објавено пред

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.

Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.

Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Четири возила се судрија во Србија, изби пожар: загина брачна двојка и уште едно лице

Објавено пред

Вчера околу 18.25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка во автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува српски Телеграф.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два автомобили се запалиле и целосно изгореле. Тракторот бил смачкан.

На местото на настанот пристигнале седум возила на брза помош. Повредени се четири лица. Двајца се тешко повредени, а двајца полесно.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Газа загина бугарски државјанин, вработен во Обединетите Нации

Објавено пред

Бугарски државјанин, вработен во Обединетите нации, е убиен денеска во Појасот Газа, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на првични информации.

dobivaj vesti na viber

Министерството извести дека дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе добијат известување за исходот од истрагата за околностите на инцидентот спроведена од надлежните органи.

Шефот на бугарската дипломатија телефонски разговарал со својот израелски колега Гидеон Сар, кој им изразил сочувство на роднините на загинатиот Бугарин, објаснувајќи дека според досегашните податоци на израелските одбранбени сили, трагичниот инцидент во Газа не е поврзан со нивните акции на копно, воздух или вода.

Обединетите нации повикаа на истрага за нападот на две локации на ОН во Газа, за кој ОН соопштија дека уби еден од персоналот, а рани пет други.

„Генералниот секретар најостро ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага. Тој нагласува дека сите конфликти мора да се водат на начин кој гарантира почитување и заштита на цивилите“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак на прес-конференција.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Европа24 минути

(Видео) Застрашувачки руски напад врз град со 200.000 жители, горат згради, има повредени

Русија го изврши својот „најголем напад во последните години“ врз Кропивницки во регионот Кировоград во ноќта на 20 март, при...

Македонија59 минути

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Европа1 час

Зеленски до Трамп: Берлинскиот ѕид не е опција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека „прашањето за територијата ќе биде најтешкото“ прашање во преговорите за прекин на огнот. „Прашањето...

Топ2 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија10 часа

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија13 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија13 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија14 часа

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија15 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија15 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија17 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија18 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...

Македонија18 часа

Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови, следува забрана за вршење дејност

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчерашната направена контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца,...

Македонија19 часа

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот...

Македонија20 часа

Побаран нов притвор за несреќата во Кочани: вкупниот број се искачува на 18 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за...

Македонија21 час

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниеден од преживеаните, 101 пациент се во странство, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани....

Македонија21 час

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел. Информацијата...

Македонија22 часа

Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани, со што...

Македонија23 часа

Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

„Во овие тажни часови за сите страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на...