Економија
Незначителен пад на цените на акциите на Волстрит

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот незначително паднаа, со оглед на фактот дека сè уште не е постигнат договор за реструктуирање на грчките долгови.
Цените на акциите на Волстрит во понеделникот незначително паднаа, со оглед на фактот дека сè уште не е постигнат договор за реструктуирање на грчките долгови.Индексот Dow Jones ослабе 0,05 отсто на 12.653 бодови, додека S&P 500 падна за 0,25 отсто, на 1.313 бодови. Индексот Nasdaq се намали 0,16 отсто, на 2.811 бодови.Берзанските индекси паднаа на почетокот на вчерашното тргување повеќе од 1 отсто бидејќи грчката влада и нејзините кредитори не постигнаа договор за реструктуирање на долговите на оваа членка на еврозоната пред самитот на Европската унија(ЕУ).Но, во вториот дел на тргувањето загубите речиси се избришани, што покажува дека американскиот пазар е сè поотпорен на европските финансиски проблеми. Иако должничката криза сè уште не е решена, од почетокот на годината индексот S&P 500 порасна за моќни 4,7 отсто.Европските берзански индекси вчера паднаа повеќе од еден отсто, најмногу заради падот на цените на акциите на банките. Заради тоа и американскиот финансиски сектор бил под притисок.Индексот S&P ослабна еден отсто, при што акцијата на Bank of America поевтини три отсто.Предводници на пресвртот на Волстрит по затворањето на европските берзи беа рударскиот, технолошкиот и телекомуникацискиот сектор. S&P индексот во рударскиот сектор, кој од почетокот на годината порасна повеќе од 11 отсто, вчера остана речиси непроменет.И додека дел од аналитичарите сметаат дека американскиот пазар на капитал е многу стабилен и отпорен на европските должнички проблеми, други не се толку оптимистични.„Повеќето инвеститори се внимателни. Некои купуваат и така го поддржуваат пазарот, но мислам дека се работи за покривање на кратки позиции. Меѓутоа, тоа создава илузија дека пазарот е силен“, вели Питер Ли, стратег во фондот УБС Велт Менаџмент.На европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот индекс FTSE ослабе 1,09 отсто, на 5.671 бодови, додека франкфуртскиот DAX се намали 1,04 отсто, на 6.444 бодови. Парискиот индекс CAC се намали 1,60 отсто, на 3.265 бодови. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред.
Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи.
Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник.
Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата.
Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
(Видео) Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Иако Владата го претставува ветерниот парк на „Алказар“ како историска инвестиција – фактите говорат нешто сосема поинаку. Моделот на „Алказар Енерџи“ е јасен: развиј, изгради и продади. Токму тоа се случи со нивниот прв фонд – проектите развиени на Блискиот Исток беа продадени 100% на кинески државен конзорциум“, вели Илиевски.
Според него, „прашањето не е дали ветерниот парк ќе биде продаден, туку кога и на кого“.
„Кој е вистинскиот бизнис интерес на Мицкоски? Дали тука се вклучени и контроверзни имиња од регионот, добро познати од трговијата со струја? Дали со нив соработувал тандемот Мицкоски – Божиновска? Пред една година од ВМОР-ДПМНЕ тврдеа дека паркот ќе обезбеди струја за 100.000 граѓани. Сега Мицкоски смени лента, од собраниска говорница најавува дека странска компанија ќе ја откупува струјата. Па, кого навистина ќе снабдува овој проект – народот или приватниот купувач? Зошто бизнис модел кој се темели на продажба се претставува како долгорочно стратешко партнерство?“ истакна меѓудругото потпретседателот на СДСМ, Илиевски.
На прес-конференцијата регираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Заврши времето на матни тендери во енергетиката, СДС да се помири дека државата оди напред. Ветерниот парк во Штип, Карбинци и Радовиш е најголема енергетска инвестиција од осамостојувањето до денес. 500 милиони долари ќе влезат во државата, а СДД наместо да се радува лее солзи. Многу скоро од денес, Македонија од увозник на струја, ќе стане извозник. Владата ја обезбедува енергетската сигурност на државата. Иднината во Македонија ќе биде сигурна, сите ќе живееме во држава која ги има сите придобивки на 21-от век. А, СДС слободно може да останат со реториката во минатиот век, народот тоа го гледа и ќе ги избрише на следните избори“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
„Најголемиот пораз од 1515 година“ – високите царини од САД за Швајцарија ќе остават без работа илјадници луѓе

Иако швајцарската претседателка Карин Келер-Сатер го напушти мајскиот состанок со американскиот министер за трговија Скот Бесант со насмевка, уверена дека постигнала договор за воведување царина од 10 проценти наместо најавените 31, Вашингтон сепак воведе многу повисока царина за Женева, дури 39 проценти. Оваа царинска стапка ја рангира Швајцарија на четврто место во светот по нивото на американските царини, веднаш зад Сирија, Лаос и Мјанмар.
Непосредно пред 1 август, крајниот рок за завршување на трговските преговори со САД, претседателката се обиде да го спречи овој исход преку директен разговор со Трамп, но без успех.
Швајцарскиот весник „Блик“ ја нарече оваа царинска мерка „најголемиот швајцарски пораз од Битката кај Марињано во 1515 година“. Мислењата во земјата се поделени, додека некои веруваат дека Швајцарија била премногу строга во преговорите, додека други ја критикуваат дека е премногу попустлива. Третите, од друга страна, ладнокрвно наведуваат дека Швајцарија е едноставно премногу мала за да го склучи големиот договор со Трамп на кој се надеваше.
Новиот трговски поредок што го воведуваат САД, според Би-Би-Си, никому не му носи добри вести.
Американскиот претседател со години се обидува да ги корегира трговските дефицити што САД ги имаат со одредени земји преку царини, иако повеќето економисти не се согласуваат со ова. Тој верува дека царините ги штитат домашните производители и работните места, особено во секторите кои со децении се соочуваат со жестока странска конкуренција.
Трговскиот дефицит на САД со Швајцарија изнесуваше 47,4 милијарди долари во 2024 година. Кога ќе се вклучат услугите, тој се намалува на 22 милијарди. Швајцарија најмногу извезува фармацевтски производи, златен накит, часовници и машински алати во САД.
Во обид да се намали нерамнотежата, швајцарската влада ги укина царините за американските индустриски производи, додека големи компании најавија повеќемилионски инвестиции во производствени капацитети во Соединетите Американски Држави.
Денес, Швајцарија е шестиот најголем странски инвеститор во САД, а нејзините компании директно вработуваат околу 400.000 луѓе во таа земја.
Швајцарските фирми сега предупредуваат дека десетици илјади работни места би можеле да бидат изгубени ако царината од 39 проценти остане во сила, откако ќе се примени на 7 август.
Би-Би-Си наведува дека Женева има многу малку простор за контрамерки и веќе им понудила на САД речиси сè што има.
Единствената преостаната опција би можела да предизвика сериозна трговска војна: повлекување на најавените инвестиции, воведување реципрочни царини и откажување на нарачките за американски борбени авиони.
Карин Келер-Сатер испрати јасна порака во петокот: одговорноста за трговската криза е кај – Доналд Трамп.