Свет
Полска го повика Европскиот парламент да не ја прифаќа АКТА

Полскиот премиер Доналд Туск во петокот ги повика челниците на Европската народна партија (PPE), најголемата политичка формација во Европскиот парламент, да не го прифаќаат меѓународниот договор против фалсификувања ACTA.
Полскиот премиер Доналд Туск во петокот ги повика челниците на Европската народна партија (PPE), најголемата политичка формација во Европскиот парламент, да не го прифаќаат меѓународниот договор против фалсификувања ACTA. „Денеска испратив писмо на сите претседатели на националните пaртии застапени во PPE во коешто ги повикувам да не го прифаќаат договорот ACTA во формата во којашто за него преговара Европската комисија. ACTA е обид да се обезбеди почитувањето на авторските права, но со превисока цена на слободата“, изјави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека „договорот не соодветствува со стварноста во 21-от век“, пренесува AFP.Полската влада, инаку, го потпиша договорот ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) на 26-ти јануари во Токио, како и уште 21 земја членки на Европската унија. Потпишувањето на овој договор поттика бран незадоволство и масовни протести низ цела Европа. Десетици илјади Полјаци, претежно млади луѓе, минатиот викенд по многу ниски температури излегоа на улиците да протестираа и да го изразат незадоволството со текстот на договорот, со којшто како што предупредуваат, може да се ограничи слободата на изразувањето и правата на корисниците на интернет. Протестините собири се одржаа минатата саботата во Варшава, Гдањск, Познан и други полски градови.Премиерот Туск по протестите одлучи да ја сопре ратификацијата на договорот во полскиот парламент, како што тоа претходно го сторија Чешка и Германија.„Нашиот став за ACTA беше непромислено. Не бев во право“, призна во петок премиерот на Полска. Зa ACTA преговараа ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Мароко, Мексико и Швајцарија, а текстот од овој договор е осмислен за широка борба против кршењата на авторские права, од лекови и други стоки до илегално преземање содржини од интернет. Текстот на договорот се однесува на лековите, на фалсификувана стока, земјоделски патенти, но и нелегално преземање на содржини и на борбата против пиратеријата. Оние коишто не се согласуваат со текстот на договорот, сметаат дека тој е премногу непрецизиран, истакнувајќи дека меѓу другото на сопствениците на авторските права им овозможува злоупотреби.Противниците на донесувањето на ACTA, во кои се вклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, веруваат дека текстот на договорот е полн со големи опасности за иднината на интернетот, слободата на говорот и човековите права. Според нив тој содржи премногу нејасни барања, кои по избор може да се користат за да се здобијат со контрола над општество преку интернет. Поточно, во случај на прифаќање на ACTA може да се следи кои интернет страници ги посетило некое лице, и притоа да не потребна дозвола од судот или обвинител. Покрај тоа, договорот ќе им овозможи на царинските службеници да изврши увид, во согласност со договорот ACTA, прегледи на лап-топ компјутери, iPod-и и мобилни телефони врз основа на барање нелегални содржини.Противниците на ACTA се согласуваат дека оваа програма е составен дел од глобализацијата, а најголемиот дел од профитот од неговото донесување ќе оди на сметката на големите меѓународни корпорации./крај/aфп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.
Свет
Германскиoт министер за одбрана: Упадот на руски беспилотни летала во Полска не е грешка

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руските беспилотни летала што влегле во полскиот воздушен простор биле „јасно насочени на тој начин“.
Писториус ја отфрла можноста за случајна грешка.
Одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот во Берлин, Писториус рече: „Нема причина да се сомневаме дека станува збор за корекција на курсот, грешка или нешто слично“.
Тој нагласи дека ова покажува како тие се „постојано изложени на закани од провокации“ од руските сили – во Балтикот од морето, а за Централна Европа преку „хибридни напади“ или летови како овие дронови.
Свет
Поплави на Бали, најмалку девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали оваа недела убија најмалку девет лица, ги блокираа главните патишта во главниот град и го нарушија животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица.
Силните дождови помеѓу вторник вечерта и среда предизвикаа големи поплави и убија пет лица во главниот град на Бали, Денпасар, изјави Абдул Мухари, портпарол на државната агенција за природни катастрофи.
Уште четири лица загинаа во регионите Џембрана, Џијањар и Бадунг, додаде Мухари. Две лица сè уште се водат како исчезнати.
Од 600 жители погодени од поплавите, речиси 200 се евакуирани од своите домови во училишта и џамии бидејќи нивните куќи се сè уште поплавени, соопшти агенцијата.
И. Њоман Сидакарја, раководител на агенцијата за пребарување и спасување на островот, изјави дека поплавите уништиле две згради во Денпасар и додаде дека пристапот до меѓународниот аеродром, кој се наоѓа недалеку од Денпасар, е ограничен бидејќи по патиштата можат да се движат само камиони.
Индонезискиот претседател Прабово Субианто изрази сочувство и му нареди на раководителот на националната агенција за катастрофи да отпатува на Бали за да ги води итни интервенции таму и да ги гарантира основните потреби на населението.