Контакт

Македонија

ДКСК поведе иницијативи за кривично гонење на четворица функционери

Објавено пред

Државната изборна комисија за спречување на корупција покрена иницијативи за кривично гонење на четворица функционери поради злоупотреба на службената положба, соопшти претседателот на ДКСК, Илми Селами

dobivaj vesti na viber

Се работи за деканката на техничкиот факултет во Битола, Весна Микаровска за којашто е поведена и иницијатива за разрешување, за поранешниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Бошко Нелкоски, за тројца поранешни директори на јавното претпријатие за одржување и заштита на регионалните патишта на Македонија пат и за поранешниот директор на јавното претпријатие за комунални дејности, Хасип Јусуфи.Во случајот со Микаровска, Комисијата констатирала дека деканката овозможила приходите од давање под закуп на објекти, што се во државна сопственост да не се уплаќаат во државниот буџет, овозможила наплата на надоместоци за образовни и административно услуги спротивно на усогласениот ценовник донесен од страна на советот за развој и финансирање на високото образование.Со тоа, незаконски и ненаменски ги користела средствата во финансиските трансакции кои претставуваат државни расходи за 2007 година, нанесувајќи штета на јавните средства и прибавувајќи противправна имотна корист“ вели Селами.Нелоски во текот на 2008 и 2009 година, ја злоупотребил службената положба при раководењето со Националната агенција, при располагањето со средствата од агенцијата, при спроведувањето на постапките за јавни набавки и при изборот на крајни корисници на програмите кои ги остварува националната агенција. КСК констатирала злоупотреба на службената положба и кај тројцата поранешни директори на јавното претпријатие за одржување и заштита на регионалните патишта на Македонија пат,  Братислав Никиќ, Марјан Крстевски и Идриз Сека во периодот од 2002 до 2009 г.Поранешниот директор на јавното претпријатие за комунални дејности, Хасип Јусуфи пак, без спроведување на постапка за јавна набавка, извршил набавка на стоки и услуги во вредност од 14.486.000 денари и противправно прибавил околу 250.000 денари.Освен иницијативите, ДКСК јавно опомена тројца функционери кои истовремено извршуваат две државни функции. Од судирот на интереси сè уште не се откажал Горан Стојковиќ, кој е директор на јавното претпријатие „Македонија пат“ и член на Советот на општина Куманово, Жаклина Маџоска е член Советот на општина Крива Паланка и директор на градинка во Крива Паланка и директорот на албанскиот театар во Скопје и член на Советот на општина Кичево, Адем Карага.Доколку овие функционери не се откажат од една од функциите во рок од 15 дена, ДКСК ќе побара нивно разрешување од страна на органите од кои се поставени.

Македонија

Обвинителе дали ќе мрднете, не ви е јасно што се случува во Злокуќани?, праша Јакимовски и кажа дека оди во втор круг

Објавено пред

Досеганиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој на  овие избори бара петти мандат од граѓаните, вечерва кажа дека влегува во втор круг по 40 отсто избројани гласови. Повика Обвинителството да ги расчисти сомневањата за изборен поткуп во Злокуќани.

dobivaj vesti na viber

„Имавме достоинствени избори во нашата општина. Во глобала ова беше фер и демократски ден и голем чин за граѓаните на општина Карпош. Освен во населеното место Злокуќани каде што мислам дека по овој прв круг посериозно треба да се познимава Обвинителството затоа што имаше предизборен поткуп. Влегуваме во втор круг. На 40 % избројани гласови кандидатот на владејачката партија води со 266 гласови, значи тоа е пата-пата ситуација. Јасно е изразена волјата на граѓаните на Карпош, опозиционите гласови се скоро двојно во однос на владејачката ВМРО-ДПМНЕ овде во Карпош“, рече Јакимовски.

Им се заблагодари на противкандидатите за фер и демократски кампањи без омаловажување на противкандидатите и ги повика да го поддржат во вториот круг кога очекува уште пожестока кампања од владејачката партија.

„Не можеш од ВМРО-ДПМНЕ да очекуваш коректна кампања. Вие видовте дека не само што вчера делеа брашно, синојка и во раните утрински часови имаше изборен поткуп со пари, а за жал тоа го знае и полицијата. Еве јавно го прашувам обвинителот – обвинителе мислите да мрднете? Не ви е јасно што се случува во Злокуќани или треба ние да ве потсетуваме? Сметам дека е крајно нечесно кон граѓаните на општина Карпош на ваков начин да се влијае на изборите затоа што таквите работи сметаме дека се некое минато пред 33 години. Граѓаните на Карпош заслужуваат жестоко санкционирање на овие што вршат поткуп на гласачи кои се во социјален ризик или кои се зависни од една фирма, сите знаеме која е таа и што таа прави во Злокуќани. На други места немам забелешки. Од ВМРО-ДОМНЕ не очекувам фер кампања, Дури очекувам да бидат пожестоки во вториот круг,, но ние сме подготвени, не може да очекуваме од нив ништо добро. Се е во рок на службата“, рече Јакимовски.

На советничките листи очекува поголем успех отколку на кинатите избори и смета дека ниту една партија нема да освои доволно гласови за да биде мнозинство во Советот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Се’ поизвесно е дека Амар Мециновиќ влегува во втор круг за градоначалник на Скопје

Објавено пред

Се’ поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, објави Левица на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Од партијата истакнаа дека се исклучително задоволни од резултатите кои ги постигнуваат.

„Имаме информации дека во Кисела Вода, Аеродром и Карпош имаме водство пред СДСМ. Во Велес имаме повеќе од СДСМ за советничката листа. Позитивни резултати имаме и во Гостивар, во Кавадарци се зголемуваат советничките места“, беше објавено.

Според ажурирањата на веб страницата на Државната изборна коммисија (ДИК), во водство за градоначалник на Скопје убедливо е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со 43,45 отсто од пребројаните гласови. Зад него е Амар Мециновиќ со 12,76 отсто. Башким Бакиу од „Вреди“ засега има 11,90 отсто од гласовите, Каја Шукова од СДСМ – 11,29 отсто, а Скендер Реџепти од ДУИ – 10,57 отсто од пребројаните гласови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Објавено пред

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

Иако засега се обработени мал број од гласовите, мапата е обоена во портокалова боја.

ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа во Штип, Охрид, Кисела Вода, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Бутел, Аеродром, Велес и други општини. Партијата очекува повеќе градоначалници од претходните локални избори во 2021 година.

Според информациите на ДИК, во Куманово во водство е кандидатот од ЗНАМ, Максим Димитриевски, а СДСМ засега води во Центар, Крива Паланка и уште неколку општини.

ЛИНК до обработените гласови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија55 минути

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија1 час

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија1 час

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија2 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија2 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија2 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија3 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија3 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...

Македонија3 часа

„Вреди“: Фер и мирен процес, очекуваме добри резултати и победа во секоја општина

Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини. Според информациите од теренот процесот беше...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова: Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она...

Македонија4 часа

До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот...

Македонија7 часа

На новинарка сакале да ѝ го земат телефонот, интервенирала и полицијата

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи...

Македонија9 часа

Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово,...

Македонија11 часа

Регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 07:00 часот на 19.10.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Македонија12 часа

(Видео) ДИК: На две избирачки места гласањето се одвива без користиње на уредот за биометриска идентификација

Во Куманово едно избирачко место, број 1133, каде се запишани 12 гласачи, поради објективни околности, односно немање струја во тоа...

Македонија13 часа

(Видео) Тошковски: На терен се над 90 отсто од силите со кои располага МВР

Денеска е ден на демократијата, денеска македонските граѓани ќе можат да си го остварат своето право на глас во рамки...

Свет13 часа

Откриен новиот услов на Путин за завршување на војната

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побара целосна контрола врз Донецк, стратешки...

Македонија13 часа

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа14 часа

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...