Македонија
Одронот на автопатот Скопје-Велес ќе биде расчистен попладнево
За околу два часа се очекува да биде расчистен големиот одрон што утрово го блокираше патниот правец Скопје – Велес, во близина на железничката станица „ Рајко Жинзифов“
За околу два часа се очекува да биде расчистен големиот одрон што утрово го блокираше патниот правец Скопје – Велес, во близина на железничката станица „ Рајко Жинзифов“
Ова го изјави Божидар Цветковски од ЈП „Македонија пат“ кој е одговорен за делницата Катланово – Велес.
Според него, причина за одронот се врнежите и мразот кои предизвикале пукање и одрон на карпите.
Цветковски информирал дека повредени нема, благодарение на тоа што полицијата, кратко време пред да се случи одронот забележала дека почнуваат да паѓаат делови од карпи и камења на патот, и го стопирала сообраќајот.
Како што јавува новинарот на Макфакс, одговорниот човек за оваа делница Цветковски најавил дека во иднина, сите карпести предели на патниот правец ќе бидат навреме минирани за да не дојде повторно до вакви незгоди, но тој сепак нагласил дека против природата не се може.
Пред околу еден месец, во близина на сегашниот одрон се случил уште еден, кој не бил со вакви размери.
За сега, сообраќајот е стопиран и сите возила од кај патарината „Петровец“ се пренасочуваат преку Свети Николе во велес и другите градови од овој регион./ крај/вм
повеќе фотографии тука>>
Автопатот Скопје – Велес сè уште блокиран>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови
Утрово најстудено било на Попова Шапка и Маврови Анови каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово, Дебар и Виница, -2 во Тетово, Битола, Прилеп, -1 во Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 во Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била 57 сантиметри на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.
Во Скопје со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.
Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50 до 70 метри има на Плетвар.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Студено време, преку денот облачно со услови за слаб снег
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од -1 до 7 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од петок ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури.