Македонија
Владата ќе одлучува што понатаму со пописот

Владата денеска се очекува да одржи седница на која ќе треба да донесе одлука што ќе се случува понатаму со пописот и својот предлог треба да го достави до Собранието, по колективната оставка на Државната пописна
Владата денеска се очекува да одржи седница на која ќе треба да донесе одлука што ќе се случува понатаму со пописот и својот предлог треба да го достави до Собранието, по колективната оставка на Државната пописна комисија (ДПК).
Денешната седница на Владата вчера ја најави вицепремиерот задолжен за Рамковен договор, Муса Џафери.
„Треба прво да заседава Владата па Собранието да одлучи дали ќе има прекин на пописот. Утре ќе заседава Владата, a задутре Собранието. Ќе заземеме заеднички став за што ќе се случува натаму со пописот. Не е ништо трагично ако пописот се одложи за шест месеци, 12 месеци“, изјави вчера Џафери.
Пописот беше прекинат вчера на само четири дена пред рокот во кој тој требаше да заврши. Владините партнери се договориле пописот целосно да се прекине и се согласиле дека во досегашниот дел од пописот биле доведени во прашање бројот на припадниците на етничките заедници во Македонија.
Опозицијата побара одговорност од премиерот Никола Груевски за потрошените 14 милиони евра кои беа дадени за досегашната реализација на пописот.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ коалиција вчера изјавија дека парите кои се дадени за досегашниот попис се минорни во споредба со можноста за необјективен попис./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес сончево и топло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.
Македонија
Мицкоски вечерва на Македонскиот фолклорен фестивал во Пустец, Албанија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ќе ја посети Општина Пустец, Албанија. Генералниот секретаријат најави дека премиерот ќе се обрати на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа кој се огранизира во Пустец, Албанија.
Фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец со почеток во 18 часот. Ќе настапат фолклорни групи и културно-уметнички друштва од Северна Македонија и Мала Преспа, кои ќе ги претстават богатствата на македонското културно наследство.
Настанот се одржува под мотото „Единство, традиција и гордост на едно место“, а го организираат Општина Пустец, македонското друштво „Преспа“, и институции од Албанија и Македонија, со поддршка од Министерството за економија, култура и иновации на Албанија.
Македонија
Денес се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор

На територијата на државава денеска до 18 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 14 се активни, а по четири се под контлола и изгаснати.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има: во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација); Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, крак према с. Градешница и границата со Р. Грција (мешана шума); Општина Прилеп 2 – активен кракот кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци), додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација); Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Општина Струмица – с. Баница и нас. Софилар (висока трева); Општина Петровец – с. Средно Коњаре, кај реката Пчиња (ниска вегетација и ниска шума); Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце кон с. Бењаковце (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинце (ниска вегетација); Општина Куманово – нас. Бедиње (ниска вегетација); Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација); Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); и Општина Василево 2 – с. Сушево (ниска вегетација).
Под контрола се ставени пожарите во Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);.
Изгаснати се пожарите во Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); и Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија).