Македонија
АЕК организира отворен ден со граѓаните
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска организира отворен ден со граѓаните, кои ќе можат да ги изнесат своите сугестии и забелешки за работењето на операторите.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска организира отворен ден со граѓаните, кои ќе можат да ги изнесат своите сугестии и забелешки за работењето на операторите. Граѓаните ќе имаат можност и да поразговараат со директорот на АЕК, Роберт Орданоски на теми поврзани со електронските комуникации и да го пренесат нивно искуство (позитивно или негативно) со операторите.Исто така, граѓаните ќе имаат можност да дадат свои сугестии и препораки за целокупната работа на АЕК но, и да предложат свои идеи за идни проекти на АЕК, во правец на нивна уште поголема заштита и едукација. Настанот е организиран со цел да им се пружи максимална заштита на крајните корисници. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити на почетокот на новата академска година: Со гордост објавуваме дека Владата обезбеди 35 милиони евра за универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска учествуваше на почетокот на новата академска година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Меџити рече дека со гордост објавува дека Владата обезбеди 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“.
„Ова е инвестиција за вас, за помладите генерации, да се подготвите да бидете конкурентни не само во Европа, туку и пошироко. Не градиме само згради, туку ги поставуваме темелите на посветла иднина на нашата младина. Како некој што доживеал периоди кога нашите јазични и идентитетски права беа ускратени, се чувствувам горд што денес живееме во општество каде што тие се загарантирани. Да кажеме јасно: времето на шовинизмот заврши. Никогаш нема да дозволиме да се прекрши ниту едно од правата што ги стекнавме, рече Меџити и додаде: “Со овој дух на храброст и знаење, ве повикувам да се осмелите да размислувате, да се осмелите да учите”.
Меџити потенцираше дека знаењето е нашата најголема сила и дека треба да изградиме побезбедна и посветла иднина.
Македонија
Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите, вели Филипче
Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена.
„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“, рече Филипче.
Наместо департизирана, професионална и високо обучена администрација, во изминативе 100 дена добивме брутална партизација на институциите, без критериуми, без стручност, професионалност и соодветно образование, додаде тој
„Ваква брутална партизација на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил систем за партиски заслуги“, истакна Филипче.
Македонија
Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски
Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски и коалицијата. Ова е став на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска на прес-конференција ги анализираше првите 100 дена од мандатот на Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори. Безбедносните служби целосно се криминализираат. За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или излегува на Блаце“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека од почетокот на мандатот на министерот за внатрешни работи Панче Ташковски, досега личната безбедност на граѓаните е непозната категорија.
„За сто дена ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминалци“, истакна Филипче.